1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Завршница на Олимписките игри во Пекинг

Домаќинот на 29. Летни олимписки игри, Кина е посебно горда на билансот од вкупно 51 златен медал. Таа има најбогата жетва на златни медали на Игрите и во тој поглед далеку ја надмина светската супер сила САД со 36.

default

Златните медали се најслатки: германската маунтин-бајк велосипедистка Сабине Шпиц со „најпрекрасното признание на светот“


Кусо пред завршувањето на Олимписките игри во Пекинг, Претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет, Жак Рог извлече позитивен биланс. Олимписките игри ја изменија Кина, таа подобро го запозна светот, а и светот неа, порача Рог.


Подобрена и ситуацијата со медиумите


Што се однесува до цензурата на печатот и попречувањето на протести политиката на Кина не е совршена, но сепак е многу подобра од порано, оцени Рог.


„Признаваме дека ситуацијата не беше совршена, но исто така оценуваме дека има суштинска промена во однос на ситуацијата пред игрите. Затоа веруваме дека Олимписките игри извршија позитивно влијание на тој план.“


Жак Рог во Пекинг исто така призна дека Меѓународниот олимписки комитет е немоќен во тој поглед. Кинеските власти не одобрија ниту еден протестен собир за време на Олимписките игри.


Кина е темелно изменета


И германскиот Министер за внатрешни работи и спорт, Волфганг Шојбле, ја пофали Кина за организацијата на Олимписките игри. Кина и‘ се отвори на светската јавност во незамислива мера и таа промена е неповратна – оцени Шојбле, кој отпатува во Кина и непосредно проследи добар дел од Игрите.


Критичарите сепак незадоволни


Наспроти него, претседателката на германската партија на Зелените, Калудија Рот оцени дека очекувањето оти со улогата на домаќин на Олимписките игри нешто битно ќе се смени и на полето на човековите права во Кина не се исполнило. Проблемот со Тибет не е ни чекор поблиску до решавање, а и ситуацијата на Ујгурското малцинство останува драматично ложа, нагласи Рот. Таа упати и остра критика на сметка на Меѓународниот олимписки комитет, кој според неа загубил на веродостојноста.