1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Завршница на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт

Oрганизаторите и претставниците на авто концерните изразија задоволство од состојбата во браншата.

Одлична посета на Саемот за автомобили

Одлична посета на Саемот за автомобили

Меѓу другото и големиот интерес на стручната публика, како и големиот број посетители покажуваат дека производителите можат да се надеваат на натамошен пораст на побарувачката.

„940.000 посетители се јасен знак за тоа дека втомобилот не загубил ништо, навистина ништо од атрактивноста и фасцинантноста„ – порача претседателот на германското Здружение на автомобилската индустрија, Бернд Готчалк во Франкфурт. Тој посебно го нагласи и фактот што секој деветти посетител бил од странство. Годинешната саемска манифестација е втора по бројот посетители во сите години на одржување до сега.

Се претставија вкупно 1.040 производители, меѓу кои за прв пат и три од Кина. Покрај моделите со многу коњски сили, во центарот на вниманието овој пат се најдоа технологиите што помалку ја загадуваат човековата околина.

Токму на завршницата на Саемот дојде и уште една добра вест за германските авто-производители. Имено, концернот Порше најави дека има намера да инвестира во Фолскваген и да откупи 20% од акциите. На тој начин Порше би го презел водечкиот пакет акции и на подолг рок би го спречил евентуалното непријателско преземање од некој конкурентски концерн од странство. Фолскваген и Порше и до сега ги поврзуваше интензивна производствена кооперација.

До сега најголем сопственик на акциите беше Покраината Долна Саксонија. Премиерот на покраинската влада, Кристијан Вулф, позитивно ја оцени веста за вложувањето на Порше:

„Токму Порше постојано за залагаше за поддршка на Германија како добро место за производство. Фирмата овде и произведува свои автомобили, обезбедува голем број работни места, има одличен имиџ и во светот и со тоа се отвораат големи шанси за Фолксваген.„