1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Завршна миса на Папата во Краков

На последниот ден од посетата на Полска, Папата Бенедикт 16-ти денеска одржа миса на отворено за околу еден милион одушевени католици во градот Краков.

Папата Бенедикт 16-ти на миса во Полска

Папата Бенедикт 16-ти на миса во Полска

Тука имено неговиот славен претходник Папата Јован Павле Втори во 1979-та пред два милиона сонародници повика да останат цврсти во верата и со тоа му даде силен поттик на уривањето на „железната завеса„ меѓу Западниот и Источниот блок.

Ова беше духовната точка на кулминација на четиридневната посета на Бенедикт 16-ти на татковината на неговиот претходник. Тој пожнеа огромен аплауз кога изјави: „Краков, градот на Карол Војтила, на Јован Павле Втори, тоа е мој Краков!„ Во проповдета, обраќајќи и‘ се наодушевената маса верници, Бенедикт 16-ти апелираше:

„Ве молам на крајот да го поделите благото на верата и со другите народи на Европа и на целиот свет. Како што се сеќавате на мојот претходник, Ве молам ад се молите и за мене, за да можам да ја остварам мисијата што ми е доверена од христа. Ве молам останете силни во верата! Останете силни во љубовта!„

Полјаците се чини дека го сакаат новиот Папа исто колку и оној што им беше сонародник:

„Луѓето се радуваат исто толку на средбата со него и знаат многу да го ценат неговиот карактер, неговата скромност. Тој е за мене пред се‘ многу скромен човек, со големо срце, со голема мудрост и многу голема вера!„ – вели една младата Полјакиња што присуствуваше на мисата во Краков.