1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заврши штрајкот на машиновозачите во Германија

*

Штрајкот на машиновозачите во Германија,кој вчера во многу делови од земјата го парализираше регионалниот сообраќај,на полноќ е завршен.Милиони луѓе кои патуваат до работното место и други патници мораа да се помират со доцнења.Сепак,изостана очекуваниот хаос,а за последиците од штрајкот железницата и машиновозачите даваат различни изјави.Додека раководството на железницата тврди дека отпаднале околу третина од редовните линии на регионалниот и трамвајскиот сообраќај,шефот на синдикатот на машиновозаќите тврди дека биле во прекин 85 проценти од сите сообраќајни врски во регионалниот и трамвајскиот сообраќај.В понеделник железницата ќе му достави на синдикатот нов предлог тарифен договор.Машиновозачите и натаму инсистираат на посебен тарифен договор и повисоки плати.