1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заврши Светскиот економски форум во Давос

Во Давос денеска се разговараше за прашања како - на кој начин би можела да се етаблира приватната економија во вселената или како претприемачите да се подготват за екстремни ситуации. И се разговараше за политика. На една тркалезна маса, познати лица се обидуваа да одговорат на прашањето - како да се излезе од кругот на насилство на Блискиот исток. Хавиер Солана со констатација: "Роудмап е првиот признат мировен план од страна на Советот за безбедност со кој може да се постигне напредок. Парадоксот меѓутоа е во тоа што кога го имаме решението во рака, ситуацијата на теренот е полоша од кога и да е досега."

На тркалезната маса немаше препорака како да се излезе од спиралата на насилство. Тука не помогна ниту познатиот "Дух на Давос". На форумот се разговараше и за Ирак и за дијалогот на цивилизации, но најголемиот дел од економските босови се разбира беше дојден да разговара за економија, пред се' за прашањето: колку е издржлив малиот економски полет кој во моментов може да се почувствува во светот? Проценката на Клаус Цумвинкел, шеф на Германската пошта, гласи:

"Расположението е пригушено оптимистичко, но има и ризици како што се доларот или теророт. Доколку тие не се материјализираат, ќе имаме разумни стапки на пораст."