1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заврши самитот на АПЕК

Позитивни сигнали од Сиднеј

default

Од самитот во Сиднеј - Буш, Путин и Ху

Шефовите на држави и влади на земјите членки на Азиско-пацифичкиот економски форум, АПЕК, апелираат за итно завршување на т.н. Доха-рунда за либерализација на светската трговија. На крајот на самитот на АПЕК во Сиднеј, австралискиот премиер, Џон Хауард изјави дека шефовите на држави и влади се изјасниле недвосмислено за слободна трговија во светот.

Од Доха - рундата треба да профитираат пред се‘ земјите во развој, но согласност за либерализација на светската трговија досега нема затоа што САД и ЕУ не се доволно подготвени да ги намалуваат аграрните субвенции. Доха - рундата го доби своето име по градот во кој што почна во 2001 година. Минатата недела во Женева повторно почнаа Доха-преговори со нови предлози за тоа како да се намали јазот меѓу сиромашните и богатите земји при укинувањето на трговските бариери во аграрната и индустриската сфера. Дали заложбата на шефовите на држави и влади на земјите на АПЕК сега ќе даде поттик за напредок во преговорите за либерализација на светската трговија, останува да се види.

Од самитот на АПЕК, сепак, повеќе надеж доаѓа за заштитниците на климата во светот. Имено, во необврзувачка изјава, земјите на АПЕК, меѓу кои и САД и Кина, се заложија за намалување на количествата издувни гасови во иднина, но притоа не определија гранични вредности.

Важен чекор напред?

Австралискиот премиер, Џон Хауард, говори за важен темел во борбата за заштита на климата пред одржувањето на конференцијата за климата на ОН во декември на островот Бали.

“Ова е важен чекор во маршот кон чувствителен меѓународен договор за промените на климата во кој ќе биде призната потребата од напредок, но ќе биде содржано и тоа дека различните економии имаат различни перспективи.“

Vietnam APEC Symbolbild Polizist mit Schriftzug APEC Hanoi

Во изјавата од Сиднеј, земјите на АПЕК си земаат за задача до 2030 година да ја подобрат потрошувачката на енергија за 25%, но и да ги зголемат површините со шуми и тоа за 20 милиони хектари во период од 13 години. Покрај САД, Австралија е единствената индустриска земја која сеуште не го потпишала протоколот од Кјото за намалување на издувните гасови во атмосферата. Кина и неколку други земји, членки на АПЕК, прво сигнализираа дека нема да ја поддржат иницијативата за климата во Сиднеј. Кинескиот претседател, Ху Џинтао рече дека ваква иницијатива треба да се одвива под капа на ОН. Но, американскиот претседател, Џорџ Буш, уште во петокот, изјавата на АПЕК за климата ја окарактеризира како поддршка на напорите на ОН за заштита на климата: “Под раководство на австралискиот премиер, Џон Хауард, АПЕК првпат водеше разговори за теми како што се енергија, заштита на животната средина и промени на климата. Единствени сме во ставот дека овие теми треба да бидат третирани во пошироки рамки и наташата работа овде треба да и‘ даде поддршка на глобалната дискусија на ОН за сигурност на енергијата и за промена на климата. “