1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заврши самитот на АПЕК

Со заедничка декларација заврши самитот на земјите од азиско-пацифистичката економска соработка, АПЕК. Но, во завршниот документ нема официјална осуда за атомските провокации на Северна Кореја, за што најмногу лобираше Вашингтон. За Северна Кореја следеше посебно соопштение во кое се изразува загриженост за атомските тестови и барање за мирна разврска на проблемот. Бернд Муш Боровска известува.

И Буш беше во Ханои

И Буш беше во Ханои

Завршниот документ третира широк круг прашања – борбата против тероризмот, сузбивање на корупција, креирање фонд за спречување на финаниски кризи во регионот, борбата против инфективните болести, развој на информациски технологии, енергетика и економска интеграција на државите на АПЕК. Но, во завршната декларација нема официјална осуда за атомската закана од Северна Кореја, која инаку не е членка на АПЕК. САД на сите билатерални средби лобираше тоа да се најде во завршниот текст. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс го повика раководството во Пјонгјанг да го следи примерот на Виетнам, кој поради политиката која води стана признат член на меѓународни организации како Светската трговска организација и пријател на САД:

„Откога Виетнам започна да води политика во корист на својот народ, стана пријател на Америка. Постојат и други земји во светот со кои се надеваме дека ќе ги надминеме препреките. САД продолжува да се надева дека ќе дојде денот кога ќе соработува и со Бурма и Северна Кореја. Досега овие влади се решија да ја одбијат соработката, нарушувајќи ги меѓународните договори и изолирајќи ги државите од просперитет. Но ако Бурма и Северна Кореја се решат да го следат примерот на Виетнам и се решат да ги направат потребните чекори за да и се приклучат на меѓународната заедница, ќе се отвори патот за мир и просперитет.“

Но, за Северна Кореја следеше посебно соопштение во кое се изразува загриженост за атомските тестови, барање за мирна разврска на проблемот и враќање на шестпартитните преговори.

Најважна тема на која разговараа лидерите на 21 земја членка на АПЕК, беше либерализација на светската трговија. Сите изјавија дека е неопходно да се рестартираат закочените преговори од Доха и дека се подготвени на компромиси.