Заврши саемот Ануга | Економија | DW | 17.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Заврши саемот Ануга

Вчера во Келн заврши најголемиот светски саем за храна Ануга. Околу 6 илјади и 600 излагачи од 95 земји, пет дена ги прикажуваа новостите во оваа бранша. Во фокусот годинава беше здравата исхрана.

default

Во потрага по здрава храна

Сосема очигледно беше дека прозиводителите сакаат да ја обединат желбата на потрошувачите за здрава, но вкусна храна. Сабине Ајхнер-Лисбоа, од германскиот сојуз на прехранбената индустрија:

„Здравата исхрана не е безусловно поврзана со прашањето на куповната моќ. И оние домаќинства што располагаат со помали приходи имаат добри можности да се снабдат со вистинските производи, ако го сакаат тоа„.

Сепак, една студија објавена неодамна, покажа дека комбинацијата здрава храна и добар вкус можат да си ја дозволат оние со подлабок џеб. Трендот е јасен: станува збор за производи од повисок ранг. Томас Бахл од друштвото за истражување на потрошувачката во Нирнберг:

„Позитивно е што потрошувачите се подготвени да платат повеќе за високо-квалитетни прехранбени продукти. И тоа е дел од порастот што го забележуваме„.

Прометот на прехранбени производи во последнава година порасна за 1,8 насто. Скоро 13 милиони Германци велат дека би купувале здрава храна, но тоа го прави само секој трет, што е поврзано и со фактот дека квалитени производи има само во малопродажбата и во специјализираните продавници. Токму на тој план се очекуваат подобрувања.