1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Заврши олимпијадата во Атина

Со свечена церемонија синоќа во Атина завршија 28-те олимписки игри на кои учествуваа повеќе од 15 илјади спортисти од 201 држава. Игрите за завршени ги прогласи претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог. Следните 29-ти ќе се одржат во Пекинг во 2008-та.

Претседателката на организациониот одбор на Олимписките игри во атина Јана Ангелопулос Даскалаки прва им се обрати на присутните со зборовите:“Олимписките игри дојдоа дома и му покажавме на светот колку големи работи можат да направат Грците“:

“Да им заблагодариме на сите спортисти“.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог ги пртогласи игрите за авршени со зборовите:

“Овие игри беа незаборавни игри од соништата“, и соопшти:

“Ги прогласувам 28-те олимписки игри за забршени и ги повикувам младите во светот да се соберат по четири години во Пекинг за да прославиме таму 29-тите олимписки игри“.

Претходно Олимпиското знаме му беше предадено на градоначалникот на Пекинг Ванг Кисан. Во 21 часот и 48 минути беше изгасен олимпискиот огин.

Централниот мотив на свеченоста беше грчката селска жетвена веселба со алузија на жетвата на златни медали за време на игрите. Прикажан е и осумминутен филм "кинески спектакл", како најава за наредните, а потоа на теренот излегоа и кинески артисти. Додека беше симнувано олимпиското знаме беше интонирана и олимписката химна.

За цело време на манифестацијата настапуваа познати пејачи од грчката естрада.