Заврши неформалната средба на ЕУ | Вести | DW | 31.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заврши неформалната средба на ЕУ

Пред неколку минути заврши неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ. Во вториот дел од работата денеска учествуваа и поканетите министри од Македонија, Хрватска и Турција, земји со статус на каднидат за членство во Унијата. Македонскиот министер Антонио Милошоски во изјава за Дојче Веле го поздрави потегот на ЕУ и извести дека тие биле запознаени со ставовите од синоќешната дебата за Косово.

ЕУ во Советот за безбедност ќе настапи со единствен став по прашањето за идниот статус на Косово. Како основа за ставот и натаму служи предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари, рече во Бремен германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, актуелен претседавач со Советот на Унијата.

Планот на Ахтисари предвидува независност на Косово под меѓународен надзор, а Србија го отфрла како спротивен на меѓународното право. И неколку земји на ЕУ критички гледаат на тој план.