1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Заврши конференцијата за климата на Г-8

Најзначајните индустриски и земји во развој, според зборовите на германскиот министер за екологија Зигмар Габриел, постигнаа напредок во барањето патишта за подобра заштита на климата. По конференцијата на министрите за екологија од Групата 8 како и на Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка што се одржа во Потсдам, Габриел изјави дека е постигнато приближување во цела низа спорни прашања. Меѓутоа, не беа постигнати конкретни мерки за заштита на климата. Габриел рече дека преговорите ќе продолжат на самиот на Г-8 во јуни во Германија и на самиот за климата во декември во Индонезија.