1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заврши конференцијата во Минхен

Неединственост - под оваа лозинка може да се соберат денешниот дискусии околу состојбите на Блискиот исток - на Конференцијата за безбедност во Минхен. На почетокот на дискусијата говореше јорданскиот крал Абдула, кој побара итно решение на конфликтот во регионот. Но, полемиката што потоа селдуваше, покажа колку малку нешто се движи во таа насока во моментов.

Јорданскиот крал Абдула стави јасно до знаење дека без притисок однадвор, клучниот конфликт на Блискиот исток не може да се реши:

"Важно е да се реши ирачкиот проблем, но клучен конфликт во регионот е израелско-палестинскиот."

Јорданскиот крал пледираше за решение "две држави" со палестински главен град Источен Ерусалим . Тој рече дека мировниот процес се блокира од двете страни. Абдула говореше за стагнирање на модернизацијата на регионот, кое е основа за насилство и тероризам. Согласност доби од страна на палестинскиот министер, Набил Шаат, кој го поддржа планот на Фишер - Европа и САД да се грижат поинтензивно околу Блискиот исток.

"Иницијативата на НАТО и ЕУ, што ја предложи министерот Фишер ние сосема ја поддржуваме. Да, НАТО би можел да игра улога на Блискиот исток, на пример во делот на обезбедување на мирот, како на пример на Балканот."

Иницијативата за Блискиот исток на шефот на германската дипломатија, Фишер, во дискусиите не играше никаква улога. Но, на маргините на конференцијата беше обелоденето дека германскиот канцелар Шредер сака да зборува околу тоа со американскиот претседател Буш на средбата што ќе се одржи за три недели. Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд, во Минхен, на предлогот за потесна сорабтока на Европа и САД, реагираше студено, оценувајќи дека соработка веќе постои.