1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заврши заложничката драма околу Јужнокорејците

19те Јужнокорејци грабнати пред повеќе од шест недели во Авганистан, се ослободени и утрово се вратија во својата татковина.

default

Роднините радосни

Утрово по локаклно време, во Сеул пристигнаа 19те ослободените јужнокорејски заложници од Авганистан. Од групата 23ца Јужнокорејци грабнати во Авганистан пред повеќе од шест недели двајца беа убеини во текот на заложничката драма, а двајца беа порано пуштени од така наречени хуманитарни причини.

Во кратка изјава по пристигнувањето во Сеул, во името на сите заложници најстариот од групата се заблагодари за ангажамнот на сите кои учествуваа во нивното ослободување. Истовремено се извини кај население за тешкотиите кои беа предизвикани со нивното грабнување. Луѓето во Јужна Кореја пак критички гледаат на ангажамнот на хуманитрната христијанска групи во Авганситан и им прфрлуваат дека не ги следеле предупредувањата, да не се патува во Авганистан.

Инаку владата на Јужна Кореја ги брани постпките кои ги презема за ослободување на своите граѓани, иако во меѓународни рамки им се прерлува дека со преземените чекори можно е да предизвика нови грабнувања. Јужно корејскиот министер за надворешни работи Сонг рече дека владата цело време се обидувала да

“ држи баланс меѓу меѓународните норми и навики во вакви случауи како и апсолутниот приоритет, дека сакаме да ги спасиме животите на овие луѓе” рече Сонг.

По пристигнувањето во Сеул,19 поранешни заложници беа однесени во болница, каде накратко се сретнаа со нивните семејства, пред да им биде извршен целосен медицински преглед.