1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Заврши есенската сезона

Титулата есенски првак во Будеслигата за Баерн од Минхен, кој не ја заврши полусезоната толку убедливо како што ја започна. Возбудливо и на дното на табелата . Кои екипи ќе презимат во опасната зона за испаѓање?

default

Баерн Минхен успеа. Рекордерот во шампионски титули во Бундеслигата стана есенски првак во сезоната 2007-2008. Но, малку кој може да се радува на тоа во таборот на Минхенчани.
Баерн изедначен во бодови со второпласираниот Вердер
Екипата на тренерот Отмар Хицфелд како и во изминатите недели играше слабо и мораше да се задоволи со 0:0 на гостувањето против Херта во Берлин. Менаџерот на баерн Ули Хенес по мечот изјави:„Ние сме први на табелата и треба сите заедно во цела Германија да престанеме , постојано да го критикуваме лидерот на табелата“
Хенес значи и натаму е нежен со неговите играчи. Божиќ може да се слави и во Бремен .Вториот на табелата Вердер со ист број бодови како и Баерн и во голем стил го заврши есенскиот дел од сезоната. Во дербито на колото Вердер го „растури„ Баер од Леверкузен со 5:2. Играч на мечот беше Иван Класниќ, напаѓачот кој по тешката операција за пресадување на бубрег , се врати на теренот со два постигнати и еден наместен гол, на задоволство на неговиот тренер Томас Шааф: “Се радувам за него , дека можеповторно да ги покаже своите способности и дека бара приклучок и сметам дека самиот себеси си го подари најубавиот божиќен подарок“
Карлсруе-Најуспешен повратник во лигата Четири поени зад изедначените Баерн и Вердер на третото место ќе презими екипата на Хамбургер , која во последните минути си обезбеди бод во Карлсруе играјќи 1:1. Два бода зад Хамбургер се наоѓа Леверкузен . Екипата на тренерот Михаел Скибе која одигра силна полусезона, меѓутоа изгуби убедливо од Вердер во Бремен со 5:2.
34. Spieltag der Bundesliga: Schalke gegen SC Freiburg 3:2, Fans

Навивачи на Шалке 04


Екипата на Шалке 04, пак, на крајот од есенскиот дел од сезоната во Бундеслигата си обезбеди најмалку место во Купот на Уефа. Минатогодиишниот вицешампион славеше со среќни два спрема еден против Нирнберг и го презема 5 место од Карлсруе, екипа која со освоеното шесто место е најуспешен повратник во лигата.
“Волците“ жедни за голови На местото број десет 2007-ма ја завршува тимот на Волфсбург. Волците како што ги нарекуваат со победата од 4:0 против Борисија од Дортмунд на задоволство на тренерот Феликс Магат покажаа дека се многу жедни за голови и победи: „Сметам дека ако на крајот на полусезоната се постигне само еден гол помалку од Баерн од Минхен , тогаш воопшто не е лошо , она што севкупно сме го постигнале“ - изјави Магат.
Придвижување има и на дното на табелата . Во петокот Енерги од Котбус кој дотогаш на последното место славеше убедливо со 5:1 против екипата на Хановер.
Билефелд и Ханза се извлекоа од опасната зона
Но, и покрај победата Котбус ќе презими во опасната зона за испаѓање , поради тоа што Билефелд го победи актуелниот шампион Штудгарт со 2:0 . Привремениот тренер на Билефелд Детлеф Дамаер истакна: „Ние полагавме големи надежи на денот и затоа сметам дека заслужено победивме. Сметам дека сите сме среќни денеска“ - изјави Дамајер. Од опасната заона за испаѓање успеа да се извлече екипата на Ханза од Росток. Тренерот Франк Пагелсдорф по вчерашните 2:0 против Бохум истакна: „Екипата покажа карактер , беше агресивна од самиот почеток , за да победи во овој натпревар. Имавме намера , да играме напаѓачки и тоа тимот го направи навистина добро и секако заслужено победи во натпреварот“ Росток ќе презими со тенка предност од два поени пред Нирнберг и Котбус на местото број 15.
Дуизбург на самото дно

Training MSV Duisburg Foto Bettina Riffel


На дното на табелата на крајот од полусезоната пак се наоѓа тимот на Дуизбург. Повратникот во првата лига беше победен на домашен терен во вчерашниот последен натпревар од Франкфурт со 0:1. Екипата на тренерот Руди Бомер навистина се трудеше да изедначи но не успеа во тоа: „Така повторно игравме лошо во завршницата. Сакавме да играме преку крилата , тоа исто така не го спроведувме и поради тоа заслужено изгубивме“ . За Франкфурт, пак, оваа победа значеше враќање меѓу првите десет на табелата.
Бохум падна на 13-то место
Во пролетниот дел од оваа сезона на Бундеслигата тимот на Фридхелм Функел ќе влезе како деветопласиран . Од друга страна, повторно во непосакуваниот дел од табелата се врати и Бохум по поразот од 0:2 против Росток. Екипата ќе презими на 13 место со само 4 бода повеќе од тимовите во опасната зона за испаѓање. Тренерот Марсел Колер :„ Првото полувреме целосно го преспавме. Ако се погледне на табелата , ќе се види дека повторно е се тесно. Имаме уште многу пред нас во пролетната полусезона и мораме да работиме . Тоа мораме да го земеме со нас под божикната елка“