1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Завршена потрагата по преживеани

На Хаити во преден план на хуманитарците и спасувачките екипи веќе не е спасување на затрупаните под урнатините, туку снабдување на преживеаните со најнеопходните намирници и лекови.

default

Единаесет дена по земјотресот, кој според официјални податоци, однесе над 111.000 жртви, владата на Хаити ја прогласи потрагата по преживеани за завршена. Практично веќе нема надеж дека од под урнатините ќе бидат извлечени уште преживеани, освен ако не се работи за чудо, изјави портпаролот на ОН Елизабет Бајрс. Таа додаде дека спасувачките екипи, сепак, и натаму ќе го прават она што сметаат дека е најисправно и дека доколку постојат и најмали шанси за извлекување на преживеани, тие ќе работат на тоа. Досега екипите за спасување успеаја да извлечат 132 живи луѓе. Благодарение на меѓународните хуманитарни акции и неуморната работа на спасувачите, досега се барем малку ублажени страдањата на околу три милиони преживеани од земјотресот.

Haiti nach dem Erdbeben Flash-Galerie

Нема инфраструктура за брзо делење на помошта

Сепак, и по еднаипол недела, голем дел од луѓето во Порт-о-Пренс не можат да бидат снабдени со најнеопходното, вели припадникот на американската армија Бен Мекмалан, кој на аеродромот дели храна, вода и ќебиња на илјадници луѓе што чекаат: „Овде имаме материјал кој чека да биде разделен. Секој што е овде на аеродромот се обидува да добие што е можно повеќе. Тажно е. Човек мисли дека се‘ ќе биде разделено за неколку секунди, но за такво нешто едноставно не постои инфраструктура.“

Haiti nach dem Erdbeben Flash-Galerie

Последица - таму кадешто доаѓаат камиони со хуманитарна помош се заканува хаос. Светската програма за борба против гладот неодамна мораше да прекине една акција на делење храна поради тоа што камионите беа буквално нападнати од млади мажи. Жените и децата кои чекаа беа едноставно истуркани настрана. Владее законот на посилниот.

Можна трговија со деца од Хаити

Едно од најгорливите прашања е и - каде со луѓето кои се останати без домови? Во камповите во Порт-о-Пренс се натискани десетици илјади луѓе, а состојбата со санитариите е драматична. Лекарите предупредуваат од болести. Сега владата планира, надвор од Порт-о-Пренс да изгради провизорни населби. Освен тоа, ОН сакаат преку програмата „Пари за работа“ да вклучат што поголем број жители на Хаити во обновата. За нивната работа тие ќе добиваат пет долари дневно.

Haiti Erdbeben Opfer Flash-Galerie

Организацијата на ОН за деца, УНИЦЕФ, во меѓувреме предупредува на внимателност поради адопциите на деца од Хаити. „Сите хуманитарни организации се единствени во ставот дека децата треба да се остават во нивната околина. Помогнете им, но таму кадешто се“, вели соработник на ОН за агенцијата ДПА. УНИЦЕФ укажува и на се‘ повеќе знаци за можна трговија со деца.

„УНИЦЕФ работи со владата на Хаити и партнерите, со меѓународните и националните невладини организации. На аеродромот има поставено луѓе кои ги прегледуваат документите на секое дете и се утврдува дали тие документи се легитимни“, вели портпаролот на УНИЦЕФ, Кент Пејџ.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа/апн/дв

Поврзана содржина