1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Зависност од социјални медиуми - сериозен проблем

Секој петти човек на светот користи социјални мрежи, како Фејсбук и Твитер, а тоа е речиси половина милијарда луѓе. Овие медиуми предизвикуваат и зависност. Тоа уште еднаш го потврдуваат најновите истражувања.

Зависноста се зголемува со новите смартфони и таблеткомпјутери, кои овозможуваат онлајн на секое место и во секој дел од денот. Праќање пораки, одговарање на коментари, следење, поврзување - благодарение на мобилната техника се’ повеќе луѓе се’ почесто се на Фејсбук и Твитер додека се движат.

Граѓаните прашани по колку пати во денот се вклучуваат на социјалните мрежи, даваат различни одговори. Некои велат: „24 часа“, други: „Можам да бидам до десет пати дневно“, а трети пак минуваат помалку време: „Меѓу четири и шест пати“.

Во Велика Британија зависноста од социјалните медиуми се смета за болест. Во клиника во Лондон психијатарот Ричард Грахам секоја година третира по околу 100 зависници - од деца до 35-годишници.

iphone Social Media App (Screenshot)

Смартфоните и таблет-компјутерите овозможуваат поврзување на социјалните мрежи од секое место во движење

„Тие почнуваат да пропуштаат или да одбиваат да прават неопходни работи во животот, дури и на основното ниво за грижа за себе. Тие го одложуваат јадењето или одбиваат да јадат и пијат, го одложуваат спиењето, пропуштаат средби и одложуваат одење на работа или колеџ“, вели психијатарот Ричард Грахам, од клиниката Тависток и Портман.

Тоа е зависност полоша од онаа од цигари или алкохол, велат новите истражувања. И Џеманај Адамс се бори со помош на јога. Како писателка таа минува многу часови пред компјутер. Таа долго не може да се симне од Фејсбук и Твитер.

„Таа мала љубопитност се појавува за да видам дали некој коментирал на нешто што сум напишала претходно. А, бев и пушач, па овој вид на возбуда е многу сличен - потреба да имаш нешто, потреба да одиш и направиш нешто“, вели писателката Џеманај Адамс.

Писателката си припишала себе си Фејсбук-диета и пишување книга за тоа. Денес Адамс е онлајн само во одредени времиња и не повеќе од половина час.