1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Завесата се крена

По 44 пат, вчеравечер (05.06.2009) во Прилеп, се крена завесата на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Со претставата „Свето срце“ започна огнометот на театарскиот дух, кој ќе трае до 11 јуни.

default

Бината има волшебна привлечна моќ

Театарскиот дух ќе пулсира на сцената на Домот на културата „Марко Цепенко“, ќе допре до публиката за да и‘ го пренесе мигот во кој се наоѓаат македонските театри. Вака селекторот Петар Темелкоски, кој ги одбра десетте претстави во официјална конкуренција, го опишува жарот на фестивалското дружење. Неговиот избор за годинашниов репертоар имаше оправдана цел.

Оваа година, публиката на радост на сите, од десет претстави во официјалната конкуренција ќе види осум од домашни драмски автори, што е и целта на фестивалот - да се негува домашниот драмски текст што повеќе и што пообемно, вели тој.

Театарот оди во нагорна линија

Темелкоски, и самиот актер, корените на македонскиот театар ги смета од времето на Еврипид: „Македонсиот театар е стар две и пол илјади години, оставил трага не само во македонското постоење, туку во целиот свет. На

Theater in Skopje, Mazedonien

На претставите во театрите доаѓа се‘ помлада публика

македонскиот театар му недостига да го почитуваме што повеќе, да не велиме дека постои од 41-ва, 91-ва, или пак, од 2001 година, туку да си ги земеме нашите корени од Еврипид наваму.“

Без разлика од кога датира, македонскиот театар оди по нагорна линија, објаснува Темелкоски: „Таа, главната супстанца на театарот, е во нагорна линија, има видлив напредок и надежен. Театрите се соочуваат некогаш и со немање режисер, потрага по домашни драмски текстови и, сепак, наоѓаат напор да најдат и добри автори и добри режисери, а во Македонија имаме и одлични актери.“

Времињата други, а љубовта иста

Тетарот сега живее во едно друго време, но младите луѓе сепак го сакаат театарот, објаснува Љубица Гојковиќ од кумановскиот театар која, покрај Димитар Костов, е добитник на наградата за животно дело: „Јас паметам времиња кога во театрот се доаѓаше во долги фустани, со фризури. Сега е друго време. Во кумановскиот театар

Theaterstück von Vaclav Havel in Aachen

Театарот ќе остане театар

публиката на премиерите, но и на репризите на претставите, знае да биде многу млада. Сепак, мислам дека театарот не е она што некогаш бил, се сфаќа на еден друг начин, но јас сепак верувам дека театарот ќе остане театар.“

Има млади и талентирани актери кои сакаат да работат и сакаат да му се посветат на театарот и јас верувам во нив.

Наградата, која вечерва треба да ја прими, за неа е заокружување на артистичкиот опус: „Пораснав со мирисот на пудрата, пак сум во театрот, пак играм во претстави, театарот е моја преокупација, мој живот и секогаш ќе биде така.“

Аплаузот е најголема награда

За Димитар Костов наградата, која поради нарушеното здравје нема лично да ја прими, значи само награда за вложен труд. Најголемата награда ја добивал од публиката, после секоја претстава: „Театарот ми значеше се‘, јас бев посветен крајно на театарот.“

Покрај десетте претстави во официјална конкуренција,

шесте придружни и три трибини, фестивалот завршува со преставата „Тестостерон“, во изведба на битолскиот театар, како награда за најдобрите кои ќе бидат прогласени на последната фестивалска вечер.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска