1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Забрзување на реформите

Еврокомесарот за проширување Оли Рен со ваква порака од македoнската влада побара донесување и имплементација на законите од европската агенда

Рен со порака од Брисел до Македонија

Рен со порака од Брисел до Македонија

Динамиката на реформите по добивањето на македoнскиот кандидатски статус е некаде заглавена и забавена,треба да се забрза донесувањето и имплементацијата на законите од европската агенда.Оваа критичка оценка еврокомесарот Оли Рен ја даде по средбата со владиниот врв.Оли Рен е загрижен за политичките тензии во Македонија.Со таква клима не се постигнува напредок во реализацијата на обврските по добивањето на кандидатскиот статус.Оли Рен повика на заедничка одговорност на владата и опозицијата,го осуди и парламентраниот бојкот на ДУИ,но рече дека го поттикнал премиерот Никола Груевски:

-Да биде похрабар и поиницијативен во остварувањето на комуникацијата власт опозиција.

Оли Рен допатува од Белград и единствен позитивен сигнал и точка за македонската влада виде во партнерството околку идниот статус за Косово.На овој специфичен евроатлански ден за Македонија кон пораките од Брисел се приклучи и американската амбасадорка Милованович,таа денеска со изјава и укажување-кусо е времето за реализација на овогодишните реформски задачи,со тоа ги предупредувам сите лидери во Македонија,граѓаните бараат да се исполнат ветувањата за евроатланските интеграции,рече амбасадорката Милованович,која мисли дека се намалуваат и шансите за покана во НАТО,ако не се поттикнат реформите и дијалогот власт опозиција.

Во присуство на Оли Рен макеоднскиот премиер се обврза:

-Сакам да нагласам дека владата на Република Македонија свесна за сите потреби и обврски кои ги имаме како домашна задача,продолжува и понатаму на планот на подготвеност на државата на секој аспект,политички,економски,со реформи во образованието,во здравството,во полицијата,во одбраната,практично во сите делови.

Груевски вети дека сите закони ќе бидат донесени во Парламентот,иако за некои треба Бадентерово мнозинство и гласовите на 15-те пратеници на ДУИ кои се вон Парламентот.Кога ќе бидеме подготвени кај Груевски да видиме желба за разговори по понудената агенда,ќе се сретнам со него,не нсакам контакти само за сликање пред камери.Лидерот на ДУИ,Али Ахмети бара странци како олеснувачи на партискиот дијалог.Челникот на ДУИ изјавата по средбата со Оли Рен ја даде надвор од собраниската аула.Индиректно му одговори ривалот од владеачката ДПА,Мендух Тачи:

-Реков дека не се работи за криза на демократски принципи,или за недостаток на дијалог туку се работи за напад на многу елементи да падне сегашната влада на Македонија.

Оли Рен се сретна и со челникот на СДСМ Радмила Шеќеринска:

-Или во овие неколку месеци ќе покажеме европско и одговорно однесување или нашите шанси за европско зачленување ќе станат минимални.Го споменавме пред комесарот она што му го понудивмне и на премиерот и на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство.Да не губиме веќе време за несуштински закони во Собранието.