1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Забрана за Фејсбук на работното место?!

Сурфањето низ социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер чини време и со себе носи ризици за софтверот. Сепак, само во некои германски претпријатија на вработените им е забранет пристап до овие интернет страници.

default

Работодавачите се во дилема поради сурфањето

Околу половина милијарда луѓе од целиот свет во меѓувреме имаат своја страна на социјалната мрежа Фејсбук. Таму остваруваат контакти со блиски и пријатели и тоа не само во слободното време, туку и кога се на работа. Прашање е дали тоа влијае негативно врз работниот процес и нивната ефикасност на работното место? Исто така важна дилема за работодавачите е дали на тој начин не се загрозуваат компјутерите на фирмата со вируси, чии творци во меѓувреме се’ повеќе се концентрираат на социјалните мрежи наместо на мејловите како порано.

Забрането користење на социјалните мрежи

VW Logo vor Porsche Center in Stuttgart

Во Фолксваген е забрането користењето на Фејсбук на работното место

Меѓу фирмите кои се решија за потполна забрана на користење на социјалните мрежи во работно време се и големи имиња, на пример фирмата Хајделберг цимент. Портпаролот Андреас Шалер истакнува:

„Она што не го толерираме, поради продуктивноста на работното место е употребата на социјалните медиуми за приватни цели во текот на работното време.“

И авто-концернот Фолксваген оди во оваа насока, во Порше оак подвлекуваат:

„Ние го забранивме Фејсбук за нашите вработени и принципиелно ги скенираме сите интернет страни во потрага по вируси, се’ едно дали се од приватен карактер или не“, појаснува Дирк Герхарт, портпарол на Порше.

Притоа главниот мотив на работодавачите во овој концерн е да не се троши залудно работното време. Затоа е забрането и сурфање на прифатна основа во гугл-мејл, во и-беј или џинг.

Во некои претпријатија Фејсбук е дозволен

24feb_jou_eon.jpg e-on Logo auf Fahne energiekonzern

Во Дојче телеком е дозволено користењето на социјалните мрежи

Помалку строг е пристапот кај енергетскиот концерн Е-ОН, каде само вработените во некои сектори не смеат да сурфаат во работно време. Кај Дојче телеком напротив владее потполна слобода на овој план:

„Не ги блокираме интернет страните како Фејсбук и слично и им оставаме на вработените да носат одговорност за тоа колку ќе сурфаат приватно, а колку деловно“, појаснува Марк Нирветберг, кој е задолжен за оваа проблематика при Дојче телеком. Тој ја смета целата јавна дебата на оваа тема за ситничава. Според него работниците, ако сакаат, можат да го потрошат времето и во компјутерски игри или во пишување СМС пораки на мобилните телефони.

„Ако некој во паузата на пладне сака да го отвори Фејсбук и да провери кој му пишал, тоа е за мене нешто по себе разбирливо,“ подвлекува Нирветберг.

Засилено присуство на претпријатијата

Deutsche Telekom Logo

Во Дојче телеком е дозволено користењето на социјалните мрежи

Што се однесува пак до опасноста од вируси, Телеком има свое одделение за безбедност на компјутерите и од таму досега не дошол сигнал за тревога по оваа основа.

Исто како Дојче Телеком постапуваат две третини од германските претпријатија. Тие дури ја поддржуваат соработката на нивните вработени преку комуникациските канали на интернет. Тоа го утврди и службата за безбедност Клиарсвифт во една меѓународна студија. Повеќе од половината од анкетираните менаџери сметаат дека вработените ќе бидат помотивирани и попродуктивни, ако ги посетуваат социјалните интернет страници и во текот на работното време. Дури една четвртина од анкетираните менаџери во Германија од своите вработени очекуваат социјално присуство во медиумите за професионални цели.

Но, социјалните мрежи не се интересни само за вработените, во меѓувреме таму има засилено присуство и на претпријатијата. На тој начин тие сакаат да регрутираат нови вработени, да добијат поголема популарност или да ја развијат работата. Овде директно можете да остварите контакт со многу луѓе и имате подиректен пристап отколку со конвенционалните форми на рекламирање.

Автор: Инза Вреде / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска