1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Забрана за пушењето во Германија

По успешниот референдум за строга забрана на пушењето во Баварија, повторно стана актуелно прашањето: „Да или не за цигарата?“ Но, погледот кон минатото открива дека тоа не е ништо ново.

default

Во Германија има повеќе закони за забрана на пушењето

Дебатата за забрана на пушењето е стара речиси колку и пушењето - во Германија околу 500 години. Tутунот беше донесен во Европа по откривањето на Америка. Во текот на триесетгодишната војна, првите кнезови ги вовеле првите забрани на пушењето, поради заштита на дрвените куќи и за да го сопрат рапидното ширење на дрогата меѓу војниците. Непочитувањето на забраната за пушење строго се казнувала, а во војводството Линебург до 1692 година теоретски дури со смртна казна. Но, многу владетели најпосле го одобрувале тутунот, оти данокот за него обезбедува пари за државната каса.

Тутунот и повторната изградба на Германија

Во 20 век, борбата против цигарите се‘ повеќе прераснуваше во идеолошка дебата. И националсоцијалистите посегнаа по неа. Пушењето за нив беше „отров за расата“, знак на зависност. Притоа, народот би требало да биде зависен само од едно - од таканаречениот „Фирер“, Адолф Хитлер. Успехот на

Horst Seehofer und die Krise der Bayern LB

Хорст Зехофер

диктаторот се должел и на тоа што се откажал од пушењето. Националсоцијалистичкиот режим по доаѓањето на власт вложува големи средства во проучувањето на тутунот. Во 1941 година во Јена бил отворен „Институтот за проучување на опасностите од пушењето“.

Во тесна поврзаност со тутунот е и повторната изградба на Германија по војната. САД испорачале повеќе од 90.000 тони ливчиња тутун од Вирџинија во Германија уште во првата година од Маршаловиот план за помош. Цигарите таму краток период биле и привремена валута, а се развила моќна тутунска индустрија. Првите противпушачки иницијативи настануваат во 70-те години. Бундестагот во 1998 година за првпат одлучува за закон против пушењето. Предлогот од сите пратенички групи не беше усвоен поради отпорот на тогашниот министер за здравство Хорст Зехофер. Осум години подоцна, Зехофер, сега како министер за заштита на потрошувачите, од кабинетот на канцеларката Ангела Меркел побара особено строг закон: „Сметам дека е проблематично што во некои сојузни покраини размислуваат дали да им дадат одобрение на угостителите во своите локали да дозволат пушење, да ги прогласат за пушачки зони, а некои покраини сакаат да ја прошират забраната на цел вид локали, на пример кафулињата.“

Забрана за пушењето во Баварија по референдумот

Во периодот меѓу август 2007 и јули 2008 година, сојузните покраини воведуваат различни закони против пушењето. Пушачите мора да имаат атлас за пушачи, за да знаат дали во некоја од кафеаните во Дрезден ќе можат да запалат цигара исто како во Дизелдорф. Најстрогиот закон го претстави сопартиецот на Зехофер, Едмунд Штојбер во Баварија: „Во јавни згради и во сите гостилници е забрането да се пуши.“

Superteaser NO FLASH Deutschland Symbolbild Rauchverbot in Bayern

Баварците гласаа против пушењето на јавни места

Наследникот на Штојбер, Хорст Зехофер, малку ја олабави оваа одредба, оти во Слободната покраина Баварија, каде гостилниците и пивниците имаат посебна традиција, ЦСУ загуби голема поддршка кај народот поради законот против пушење. Од 1 август 2009 година, пушачите во Баварија повторно може да пушат во споредни простории, а мали локали може да се нарекуваат гостилници за пушачи. Со референдумот сега повторно се укинати овие исклучоци.

Хорст Зехофер не го кажа своето мислење пред референдумот: „Сакам голем дел од народот да гласа и тогаш е се‘ во ред.“ Барем во Баварија.

Автор: Андреас Нол / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска