1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Забраната за пушење го намали бројот на инфаркти

Без чадот од цигарите се живее поздраво. Најнова студија покажа-од заострувањето на прописите против пушење во Германија, намелн е е бројот на срцеви инфаркти.

Пушачите ризикуваат тешки болести, докажано е со бројни истражувања. Германскиот здравствен научник Рајнер Ханевинкел и неговиот американски колега Џејмс Сарџент си поставија цел да го докажат спротивното-дека зголемата заштита од чадот на цигарите го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Најопсежна студија досега

Авторите велат дека се работи за досега најголемото истражување на оваа тема-тие ги обработиле податоците на 3,7 милиони осигуреници во една од најголемите германски државни здравствени каси-ДАК. Заклучокот е-бројот на срцевите и заболувањата на крвотокот бил стабилен се‘ до воведувањето забрана за пушење во германските угостителски објекти. Но, една година потоа бројката забележително опаѓа-за 8,6 проценти, случаите на поблага форма на Angina pectoris дури за 13 проценти. Научниците тоа го толкуваат како директна последица на воведувањето на законот за забрана за пушење на јавни места меѓу август 2007-ма и јули 200-ма година.

Големи натегања околу забраната за пушење

Законот против пушење во угостителките објекти во Германија беше долго спорен, дури и кога беше воведен во повеќето други држави. Во различни покраини на сила беа различни правила, се‘ додека уставниот суд не стави крај на хаосот, оставајќи две можности, така што најголемиот дел покраини сега дозволува пушење само во дискотеки, барови и кафулиња каде нема понуда на храна, како и во посебни простории во големи ресторани. Само две покраини, Саарланд и Баварија, воведоа комплетна забрана во целата гастрономија, во Баварија одлуката беше донесена на референдум.

Научниците претпоставуваат уште поголем успех во стопирањето на срцевите болсети доколку и другите германски покраини го следат примерот на Саарланд и Баварија.

31.08.2011 DW-TV fit und gesund Herzinfarkt bei Frauen

Здравствената каса ДАК пак спроведе своја анкета со осигурениците според која 80 проценти од Германците забраната за пушење на јавни места ја смета за исправна.

Тутунската индустрија се брани и предупредува намалениот број срцеви заболувања да не се толкува само преку забраната за пушење. Петер Кенигсфелд од Здружението на индустријата за производство на цигари истакнува дека Германците поздраво живеат, внимаваат на квалитетот на исхраната и повеќе спортуваат.

Автор: Клаус Даман/ Ж. Ацеска

Редактор: Симе Недевски