1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Забелешки за Македонија во извештајот на Стејт Департментот

Македонската влада ги критикуваше медиумите и се обиде да влијае на известувањето преку манипулирање на трошоците за рекламирање,стои во новиот извештај на Стејт департментот за човековите права, во делот за Македонија.

default

Стејт департментот во Вашингтон

На 30-тина страници, Стејт департментот ја документира ситуацијата со човековите права во Македонија и констатира дека земјата е парламентарна демократија и дека изборите во 2009-та, според ОБСЕ исполниле најголем дел од меѓународните стандарди. Но, вклучува и забелешки. Во некои од затворите во земјата состојбата е лоша, има пренатрупаност со затвореници, има недоволно чувари и недоволно обучени за работата. Стејт департментот наведува и извештаи дека властите го злоупотребувале притворот за политички потреби.

Американската влада тврди дека судии јавувале за силен политички притисок врз судството и дека тоа понекогаш влијаело на нивните одлуки.


Манипулирање со трошоците за рекламирање

Официјален Вашингтон констатира дека владата ги критикувала медиумите и дека се обидела да влијае на известувањето преку манипулирање на своите трошоци за рекламирање. Под делот посветен на слободата на говорот и печатот го споменува и случајот со А1 телевизијата и вели дека имало извештаи дека репортерите и корпоративните спонзори на А1 примиле закани, иако станицата продолжила со работа. Во документот стои дека ВМРО-ДПМНЕ изразила разочарување од известувањето на медиуми како А1 и Вест, а дека претседателот Иванов ги критикувал медиумите за наводна лоша интерпретација на негови изјави.

Mazedonische Zeitungen am Kiosk in Skopje

Нееднакви можности за образование и политичко учество

Во годишниот извештај на Стејт департментот за човекови права се наведува и дека напнатоста меѓу етнички албанското и македонското население и натаму влијае на можностите за образование на поединците, врз вработувањето и политичкото учество. Воедно споменати се и извештаи за дискриминација на лица со посебни потреби и Ромите.

Што се однесува до светот воопшто, САД велат дека одредени влади и натаму вршат сериозни прекршувања на човековите права. Се издвојуваат Иран, Кина и Белорусија, како земји каде прашањата за почитување на човековите права предизвикуваат особена загриженост. Како прекршители меѓу другите се наведени и Северна Кореја и Либија. Истражувањата за почитувањата на човековите права беше изведено во 190 земји

ширум светот.

Автор: ЖА/СН/макфакс

Редактор: Симе Недевски