1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Забавување на конјунктурата

Според мнението на „економските мудреци“ стопанскиот пораст во Германија во 2012 ќе се намали под еден процент. Но, и тоа не е сигурно, туку зависи од развојот на должничката криза во евро-зоната.

default

„Економските мудреци“ и’ го предаваат извештајот на канцеларката Меркел

Германските експерти прогнозираат значително забавување на стопанскиот пораст во земјата поради должничката криза и нејзините последици врз меѓународната економија. За тековната година тие предвидуваат стапка на пораст од цели 3%, но затоа во 2012 таа ќе изнесува само 0,9%. Што се однесува до стапката на невработеност, таа би можела да остане на ниско ниво - под психолошки важната граница од 3 милиони.

Сето ова меѓутоа важи само ако германската влада и партнерите од Европа успеат да најдат решение за излез од должничката криза. „Економските мудреци“ и’ предлагаат на владата во Берлин да иницира создавање заеднички фонд, еден вид „бед-бенк“, во кој ќе се префрли дел од државните долгови и кои потоа ќе бидат отпишани со заеднички сили.

Канцеларката Ангела Меркел во првата реакција по добивањето на извештајот го отфрли предлогот на „мудреците“. Останува да видиме како ќе реагира владата по деталното читање на извештајот од 300 страници.

Автор: Дорис Краних / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска - Фиданоска