1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви при расчистувањето на камповите во Каиро

Полицијата на Египет започна со расчитувањето на камповите на исламистите во главниот град Каиро. Официјално се говори за осум жртви. Муслиманското братство меѓутоа известува за повеќе од 100 загинати.

Според информации на Муслиманското братство, во акцијата на египeтската полиција за расчистување на камповите на исламистите биле убиени повеќе од сто лица. Повеќе од 2000 биле повредени, соопшти Муслиманското братство преку Твитер.

Очевидци пак говорат за околу 15 загинати лица при расчистувањето на протестните кампови на приврзаниците на екс-претседателот Мохамед Мурси во Каиро. Официјално нема потврда за жртвите. Од министерството за внатрешни работи се информира дека при расчистувањето на камповите животот го загубиле осум лица, од нов двајца убиени полицајци.

Во поголемиот од двата кампа во Назр Сити на североистокот на Каиро силите за безбедност употребија солзавец. Во акцијата учествувале и хеликоптери и возила на армијата. Претходно полицијата ги блокираше околните улици. Министерството за внатрешни работи соопшти дека од двата кампови во квартот Гиза и во Назр Сити има по еден единствен излез.

Ägypten Räumung des Mursi Anhänger Lagers in Kairo

Центарот на Каиро прерасна во место на судири

Еден египетски портал јави дека некои од исламистите претходно самите се решиле да се повлечат, откако се слушнале информации дека претстои расчистување на камповите. Пред сѐ жените ги напуштиле шаторите утрово. Другите учесници на протестите решиле да пружаат отпор. Тие заземале позиции на барикадите за да одбранат можни напади на полицијата. Првично полицијата сакаше да одбегне насилно расчистување на камповите, стравувајќи од голем број жртви при евентуалните судири на силите за безбедност со исламистите.

На улиците на Каиро судири имаше уште во текот на ноќта меѓу исламистите, силите за безбедност и противинците на Мурси. Полицијата употребила солзавец за да ги разбие контрахентите.

Муслиманското братство бара враќање на екс-претседелот Мохамед Мурси, кој беше симнат од функцијата на 3. јули. Во меѓувреме новата власт ја зацврстува својата позиција и во провинцијата. Пред преодниот претседател Адли Мансур 20 нови гувернери положија заклетва. Од гувернерите кои претходно ги имаше именувано Мурси само четворица останаа на функцијата, додека другите се сменети.