1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Жртви при падот на хеликоптер во Глазгов

Во несреќата во која полициски хеликоптер се урна врз покривот на популарно кафуле во Глазгов, загинале најмалку три лица, а можно е бројот на жртвите да расте.

Најмалку три лица загинаа во синоќешната несреќа кога полициски хеликоптер се урна врз покривот на популарно кафуле во Глазгов, во кое во моментот имало околу 120 лица. Би-Би-Си, повикувајќи се на извор близок до истрагата, соопшти дека бројот на загинатите сигурно ќе биде поголем. Телевизијата Скај њуз соопшти дека загинале шест лица. Официјална потврда за бројот на загинатите нема.

Сѐ уште трае спасувачката акција, а под урнатините на пабот сѐ уште има лица, кои контактирале со полицијата, која пак се обидува да ги извлече.

Хеликоптерот, во кој биле цивилен пилот и двајца полицајци, се урна на покривот на пабот „Клута волтс“ во 22 часот и 25 минути, по локално време, во моментот кога пред преполната сала настапувал бенд. Можно е жртвите да се членовите на екипажот на хеликоптерот. Во болниците досега се примени 32 повредени лица. Експертите претпоставуваат дека е можно хеликоптерот да сакал принудно да слета на покривот на кафулето поради ненадејно откажување на моторите. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е длабоко погоден од несреќата.