1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви при несреќа на аеромитинг во САД

Во САД продолжува истрагата околу причините за падот на авион на популарен аеромитинг во Невада. Во Рено се урна авион-олдтајмер во близина на главната трибина. Во несреќата има мртви и повредени.

default

Најмалку три жртви во несреќата во Невада

Најмалку три лица загинаа, а околу 50 се повредени на аеромитинг во американската сојузна држава Невада, кога авион од Втората светска војна, што бил управуван од искусен пилот, се урнал на трибина полна со гледачи.

Според очевидците се одвивала „хорор сцена“. Очевидец за телавизијата СиЕнЕн тврди дека пилотот кратко пред уривањето се обидел да го смени правецот на авионот, за да не се урне во трибината со гледачи и на тој начин спречил уште поголема катастрофа. „На многу луѓе тој им го спаси животот, можеше да биде уште пострашно.“

На видео снимките се гледа облак од чад и делови од авионот кои летаат насекаде.

Причините за несреќата засега се непознати. Според организаторот на аеромитингот, Мајкл Хотон, најверојатно причина за урнувањето е техничката неисправност на авионот. Експертите од бирото за национална безбедност при транспорт ги испитуваат причините зе несреќата.

 Автор: АТ/ ЖА/ дпа/ макфакс/ миа

Редактор: Жана Ацеска