1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви при напад врз хотел крај Кабул

Талибанци нападнаа хотел во близина на главниот авганистански град Кабул. Во нападот, за кој одговорност презедоа талибанците, има жртви, а повеќемина биле земени како заложници.

Борци на радикално-исламистичките талибанци во близина на Кабул упаднале во хотел и земале заложници. Тие биле вооружени со противтенковски минофрлачи и автоматски пушки и упаднале во хотелот „Спозмај“, откако претходно со скршиле отпорот на вооруженото обезбедување. „Во нападот учествувале четворица до петорица бунтовници, Двајца биле убиени, а останатите и натаму пружаат отпор“, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Седик Седики.

Во борбите со силите за безбедност убиени се најмалку четири лица, соопшти претстваник на владата во Кабул. Жртвите најверојатно се тројца припадници на обезбедувањето и еден авганистански полицаец. Според портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Седики има жртви и меѓу гостите во хотелот, но засега нивниот број не е познат. Тој додаде дека најмалку 40 цивили биле спасени од силите за безбедност. Акцијата за спасување почнала рано утрово (22.06). НАТО потврди дека во тоа учествуваат меѓународните трупи. Акцијата ја водат авганистанските сили за безбедност кои имаат поддршка од странските трупи, изјави мајор Адам Војак. Засега нема информации за евентуални жртви меѓу интернационалните трупи.

Авганистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот. Во соопштенето кое го објавија се вели дека муџахедините го нападнале хотелот, бидејќи богати Авганистанци, владини службеници, странски дипломати и војници од ИСАФ се собирале таму секој четврток на забави со алкохол и проститутки.