1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви при напад во Санта Моника

Жртви на повеќе места: Маж, облечен во црно, кој безцелно пукаше околу себе предизвика крвопролевање во Калифорнија. Полицијата го застрела напаѓачот.

Полицијата во Санта Моника соопшти дека биле убиени најмалку пет лица, меѓу нив и напаѓачот. Тој прво пукал околу себе во една куќа, која потоа била запалена. Потоа мажот стрелал на повеќе места, изјави шефицата на полицијата Жаклин Сибрукс.

Медиумите известуваат дека во пожарот во куќата загинале две лица, најверојатно татко му и брат му на сторителот. Напаѓачот бил на возраст од 25 до 30 години. Неговиот мотив се' уште не е познат.

Еден очевидец ја опишува ситуацијата: „Таму, на улицата стоеше еден маж, пред мојата куќа, со полна борбена опрема, со појас со муниција и полуавтоматско оружје“. Тој со оружјето стигнал до една раскрсница и кога една жена во автомобил веднаш не ја послушала неговата наредба „ја застерел три, четирипати од непосредна близина“.

Сторителот потоа влегол во кампусот на Санта Моника колеџот, каде стрелал околу себе. Студентите информираат дека од страв се сокриле во една предавална, го исклучиле светлото и легнале на подот кога ги слушнале истрелите. Полицијата го пронајде и застрела напаѓачот во библиотеката на колеџот.

Во моментот на нападот американскиот претседател Барак Обама присисутвуваше на една донаторска манифестација на неговата Демократска партија во овој градот на Пацифичкиот Океан. Според полицијата тој бил повеќе километри одалечен од местото на нападот.

Поврзана содржина