1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви при демонстрациите во Иран

Седум лица загинаа за време на протестите во Техеран, организирани од приврзаниците на поразениот претседателски кандидат, Мир Хосеин Мусави.

default

Немири во Иран

Повеќе од сто илјади незадоволни граѓани излегоа вчера на улиците во Техеран, давајќи му поддршка на Мир Хосеин Мусави. Пред присутните на протестниот марш тој изјави дека „ќе ја плати секоја цена“ за да ги поништи резултатите од изборите, но призна дека нема многу надеж дека ќе успее во тоа.

Појавување на Мусави на протестите во Техеран беше неговото прво појавување во јавност, по изборите во петокот. Официјалните резултати покажуваат дека неговиот противник, Махмуд Ахмадинеџад, освоил 62 проценти од гласовите, што беше одобрено и од духовниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој, всушност, ја има вистинската власт во земјата.

Мусави ги обжали резултатите од изборите пред Советот на чуварите на револуцијата, тело составено од правници и судии, но истакна дека Советот не бил неутрален во однос на изборните резултати од петокот. „Немам верба во нив“ изјави Мусави, вчера на неговата интернет-страница.

Во секој случај, Советот на чуварите на револуцијата вети дека ќе ги разгледа жалбите за изборен фалсификат, поднесени од Мусави. Се очекува Советот да ја соопшти својата одлука за десет дена.

Автор: ТТ/ЕМФ/ап/афп

Редактор: Александра Трајковска