1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви и ранети во терористичкиот напад во Анкара

Три лица се убиени и 15 се повредени во денешниот напад во Анкара, од кои петмина се во тешка состојба, изјави турскиот министер за внатрешни работи Идрис Наим Сахин.

default

Експлозијата избувнала во центарот на турскиот главен град Анкара во непосредна близина на средмно училиште, во дел од градот во кој се наоѓаат и голем број владини објекти.

Надлежните оценија дека станува збор за терористички напади, но засега никој не ја презеде одговорноста.

Сомневањата се дека зад нападот стојат курдски бунтовници. Веднаш по експлозијата, полицијата привела една жена која во непосредна близина на местото на нападот извикувала „да живее нашата борба“.

Нападот бил изведен со паркиран автомобил од кој бил активиран експлозивот. Според истрагата, автомобилот бил купен пред една недела и не бил регистриран. Пожарот кој го предизвикала експлозијата зафатил и други возила и објекти во близина. Најмалку три лица ги загубиле животите, а 36 во моментот се водат како повредени.

Türkei Ankara Explosion

Курдските бунтовници кои се борат за автономија во југоисточна Турција во последниот период ги засилија нападите врз цели во Турција. Во минатото слични напади извршуваа и радикални левичари и исламисти.

Властите ги обвинија курдските бунтовници и за нападот изведен на 28 август годинава во туристичкиот центар Кемер, во кој беа повредени 10 луѓе. По ескалацијата на судирите, турската армија на почетокот на месецов ги бомбардираше засолништата на курдските бунтовници во северен Ирак, на границата со Турција.

Автор: БГ/ап

Редактор: Жана Ацеска