1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви и повредени во серија бомбашки напади во Пакистан

Серија експлозии на бомби го потресоа Пакистан. Најсилно погодена е провинцијата Квета на југозапад на земјата. Таму детонираа три експлозивни направи. Во нападите има голем број мртви и повредени.

83 лица погинаа во салон за билијард во една населба претежно населена со шиити во Квета, главен град на провинцијата Белуџистан. При детонацијата на двете експлозивни направи во рок од пет минути во локалот беа повредени и 120 лица, соопшти полицијата.

Меѓу жртвите има и полицајци, новинари и членови на спасувачките екипи, кои по првата детонација веднаш пристигнаа на местото на настанот. Експолозијата го урна покривиот на објектот, и многу жртви се под урнатините. Милитантната секта Лашкар -е -Јангви ја презема одговорноста за нападот и според сопствени наводи испратила претходно атентатор самоубиец, по што со далечински управувач била активирана автомобил бомба. Нападите од страна на радикалните сунити врз шиитско малцинство во Пакистан не се реткост. Ова беше најкрвавиот напад врз шиити во Пакистан воопшто. Според Хјуман Рајтс Воч никогаш претходно не биле убиени толку шиити во Пакистан, колку во 2012 година.

Претходно при експлозија во трговски центар во Квета беа убиени единаесет лица, а повеќе од 40 беа порведени. Нападот бил наменет за војници на паравоена единица, соопшти полицијата. Одговорноста за нападот ја презема сепаратистичка група под името Обединета армија на Белуџистан. Во провинцијата сепаратистичките бунтовници и милитантните исламисти постојано ги напаѓаат владините трупи.

Во преполна џамија во градот Мингода на северозапад на земјата при експлозија беа убиени 21 лице. Повеќе од 75 се повредени. Според последните сознанија на полицијата, не станува збор за несреќа туку за напад.