1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви и повредени во бомбашка серија во Ирак

Во пресрет на десетата годишнина од американската инвазија на Ирак, Багдад го потресе серија бомбашки напади. Убиени се 50 луѓе, а 150 биле повредени, се вели од болнички извори.

Ирачките власти информираат дека во рок од еден час експлодирале автомобил бомби во различни ресторанти и автобуски станици во шиитските делови на Багдад. Еден од најкрвавите напади се случи во близина на главната порта на т.н Зелена зона каде се сместени владата и амбасадите. Исто така и во провинциите Дијала и Бабил експлодираа повеќе автомобил бомби.

Засега никој не ја презема одговорноста за серијата напади, меѓутоа се чини дека тие носат обележја на групите на Ал Каеда во Ирак. Од почетокот на годината ирачкиот огранок на радикално-исламистичката Ал Каеда изврши голем број напади.

Борба за превласт меѓу муслиманите

Исто така и граѓанската војна во Сирија ја затегна состојбата во Ирак: бунтот против претседателот Башар ел Асад, кој го предводат сунитите ги анимира нивните ирачки браќа по вера. По повлекувањето на американските сили за безбедност во Ирак ескалира борбата за превласт меѓу муслиманите шиити и сунити. Речиси секојдневно се изведуваат напади и доаѓа до вооружени судири.

САД на 19. март 2003 година вмаршираа во Ирак. Владата на претседателот Џорџ Буш нападот го образложи со тврдењето дека ирачкиот властодржец Садам Хусеин располага со оружје за масовно уништување. Ова се покажа како неточна информација. Според една неодамна објавена студија во оваа војна загинале речиси 190.000 луѓе.