1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви во стампедо во Индија

При погребна церемонија во Индија изби масовна паника во која загинаа 18 луѓе. Трагедијата се случи кога илјадници верници сакаа да му оддадат последна почит на едно исламско свештено лице.

Духовниот водач Сједна Мохамед Бурханудин почина во петокот на 102 години. Тој бил чуван во неговата куќа, јужно од милионската метропола Мумбај, за неговите приврзаници да можат да му оддадат последна почит.

Медиумите информираат дека пред имотот на исламскиот религиозен водач се собрале илјадници луѓе. Бурханудин беше лидер на шиитската верска заедница Даводи Бохра.

Сатја Пал Синг од полицијата во Мумбај соопшти дека толпата луѓе била многу поголема од очекуваното. Масовната паника избила кога биле затворени портите на куќата, околу еден часот по полноќ. Толпата меѓутоа и натаму се движела нанапред, така што луѓето кои биле напред немале каде да се движат поради тоа што портите биле затворени. Според полициски информации, во несреќата загинале 18 луѓе, а 40 се повредени.

Во Индија честопати избива масовна паника при религиозни манифестации, меѓу другото и поради големиот број верници. Во октомври мината година во еден хинду храм загинаа 115 луѓе, додека при масовната паника на најголемата светска религиозна манифестација на „светата река“ Ганг минатиот февруари животот го загубија 36 луѓе.