1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви во поплавите во Јапонија

Силните дождови во Јапонија однесоа десетици човечки животи, преку 250 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат домовите, а предизвикана е и огромна материјална штета.

Најмалку 24 лица загинаа како резултат на силните дождови, кои изминатата недела го зафатија јужниот дел на Јапонија, предизвикувајќи големи поплави и лизгање на земјиштето.

Над 260 илјади жители на јужниот остров Кјушу добија наредба да се евакуираат, а околу 140 илјади треба да ги напуштат своите домови во случај на опасност.

Надојдените реки поплавија стотици згради во префектурите Фукуока, Кумамото, Сага и Оита. Голем број луѓе веќе ги напуштија своите домови и се наоѓаат во привремени засолништа.

Премиерот на Јапонија формира специјален центар за собирање информации за природната катастрофа.

Поради лизгање на земјиштето и поплави има метеж на главните магистрали на целиот остров Кјушу, а во прекин е железничкиот сообраќај.

За справување со последиците од несреќата вклучена е и армијата.

Метеоролозите предвидуваат нови врнежи во следните денови, кои ќе опфатат и делови од главниот јапонски остров Хоншу.