1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Жртви во пожарите во Сирија

*

Четворица пожарникари загинаа во силните пожари кои од средата горат во северна Сирија. Пожарите ја зафатија областа околу приморскиот град Латакија на Средоземното море. Во гаснењето на пожарите на помош им дојдоа и турски канадери. Евакуирани се жителите на неколку сел,а затворени се повеќе патишта. За сега нема информации за други жртви. Високите температури кои се над просекот за овој период од годината во Сирија придонесоа за ширењето на низа пожари во земјата во изминативе неколку месеци.