1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви во железничка несреќа во Њујорк

Во тешка железничка несреќа во американската метропола Њујорк загинаа најмалку четири луѓе, а голем број се повредени. Несреќата се случи во населбата Бронкс.

Во железничка несреќа во Њујорк загинаа најмалку четири лица, јавуваат американските медиуми. Патниците загинаа откако утрово во седум часот по локално време воз во населбата Бронкс излета од шините, јавува „Њујорк Дејли Њус“, повикувајќи се на полициски извори. Според весникот повеќемина биле повредени. Дали има и други жртви, кои се наоѓаат во животна опасност, полицијата не можеше да соопшти.

ТВ станицата ЕнБиСи информираше дека се повредени 48 лица, додека властите засега не објавуваат бројка на жртвите. Според пожарникарските екипи во несреќата има „голем број повредени“. Околу сто пожарникари пружаат помош.

Како што може да се види на снимките од шините излетале вагони, некои се превртени и лежат поред шините. Еден дел од возот висеше над реката Хадсон. Како се случила несреќата, засега е нејасно.

Железницата само потврди дека поради железничка несреќа во Бронкс мора да биде стопиран сообраќајот.

Со возовите во предградијата секое утро се превезуваат стотици илјади луѓе од околината во Њујорк. Во неделите возовите се помалку посетени. Но, денеска завршува т.н. продолжен „Тенксгивинг“ викенд, и во САД поголем број луѓе од вообичаено се на пат