1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртви во бродска несреќа во Италија

Во бродската несреќа на „Коста Конкордија“ пред брегот на Италија најверојатно шестмина го загубија животот, а повеќе од десет лица се повредени. Спасувачките екипи се’ уште трагаат по исчезнатите.

default

Несреќа на бродот „Коста Конкордија“

Во тешка бродска несреќа пред западниот брег на Италија според крајбрежната стража три лица го загубиле животот. Надлежните полициски органи пак информираат дека загинале најмалку шест лица. Десетина патници беа повредени крстарејќи со бродот „Коста Конкордија“. Засега нема детали за идентитетот на загинатите и повредените патници. Бродот со повеќе од 4000 патници и членови на екипажот вчеравечер бред брегот на Тоскана најверојатно удрил во карпа или заринкал во песок.

Kreuzfahrtschiff Costa Concordia

Положбата на бродот го отежнува спасувањето

Се‘ уште трае спасувачката акција. Крабрежната стража и натаму трага по патниците кои се водат како исчезнати. Акцијата ја отежнува положбата на бродот, кој во меѓувреме се навали на десно за 80 степени, информира новинската агенција Анса. Повеќето од патниците и членови на екипажот беа спасени со спасувачки бродови и бродовите кои притигнаа на местото на несреќата од само неколку стотици оддалечениот остров Џиљо во јужна Тоскана. Поради тоа што бродот се’ повеќе се накривувал, според информации на крајбрежната стража, во спасувачката акција бил вклучен и хиликоптер.

Паника меѓу патниците

Kreuzfahrtschiff Costa Concordia

Спасувачка акција

Еден од патниците на бродот информира дека слушнал гласен тресок. Прво им било кажано дека има проблеми со електриката, за потоа да дојде упатство до патниците да ги облечат спасувачките елеци. Друг патник за италијанската радио станица Раи изјави: „Тресокот што го слушнавме при вечерата, звучеше како да удривме во карпа или во песок. Најверојатно удривме во песочен нанос. Во секој случај веднаш изби паника, а во бродот за неколку секунди беше темно“. Друга патничка го пренесува своето доживување: „Како што знаеме од филмот ’Титатник’. Вазните паднаа од шанкот, видов луѓе како се сопнуваат. Потоа луѓето станаа многу, многу вознемирени. Некои излегоа надвор и гледаа. Единственото што го видовме беше дека сме многу блиску до копно.“

Фирмата специјализирана за крстарења, „Коста Крокире“ со седиште во Џенова несреќата на својот брод ја оцени како „страшна трагедија“ и им изрази сочувсттво на семејствата на жртвите.

Автор: АТ/ ард/ дв

Редактор: Жана Ацеска