1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Жртвите убиени со три вида оружје

Убијците нема да ја избегнат правдата и ќе бидат најстрого казнети, изјави денеска (14.04.) министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

default

Во Скопје денеска е мирно. Во општина Бутел е ден на жалост за петтемина убиени во злосторството што во четвртокот вечерта се случи во близина на главниот град. Убиените момчиња и повозрасниот рибар се погребани. Полицијата соопшти дека обдукцијата на телата покажала оти било пукано од три вида оружје и од непосредна близина.

“Засега не се познати ниту мотивите, ниту, пак, етничката припадност на сторителите на овој грозоморен чин“, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

МВР интензивно трага по сторителите, побарана е и помош од соседните земји, а сите полициски службеници се на терен со цел да ги пронајдат сторителите, но и како превенција од можни нереди. Јанкулоска рече дека сторителите нема да ја избегант правдата и ќе се соочат со најстроги казни.

На информативен разговор досега се повикани околу 50 луѓе. Полицијата апелира граѓаните да останат мирни и да ја информираат ако имаат какви било сознанија за злосторството на специјалениот телефонски број 199, отворен за овој случај.

Политичките партии и меѓународни субјекти апелираа да не се дозволи ескалација на тензиите. На воздржаност повика и претседателот на државата, амариканскиот амбасадор и претседавачот на ОБСЕ, ирскиот заменик премиер Имон Гилмор.

Телата на убиените беа пронајдени во четвртокот вечерта кај вештачкото езеро во близина на селото Смиљковци. Околу 1 час пред полноќ рибари ги виделе нивните трупови покрај езерото и пријавиле во полиција. Во знак на револт од свирепите убиства, гневни сограѓани на убиените, вчера на неколку места ги блокираа локалните патишта и обиколницата во близина на местото каде што се случи убиството.