1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жртвите во Албанија бараат отворање на актите на тајната служба

Во Албанија и 20 години по првите слободни избори тврдоглаво се одбива отворањето на досиејата на поранешната тајна служба. Жртвите бараат вистината конечно да излезе на виделина.

default

Штази-актите отворени во Германија, Албанија не го следи примерот

Гезим Пешкепиа не говори радо за својата младост. Кога имал 11 години, морал заедно со мајката и сестрата да го напушти својот дом. Албанските комунисти го погубиле неговиот татко под обвинение за тероризам. Судска постапка немало. Остатокот од семејството морал да се бори за преживување, а тоа бил само почетокот на страдањата на Гезим Пешкепиа. Овој бивш учител во 1975-та година бил осуден на осум години затвор, врз основа на обвинението кое го товарело за „агитација и непријателска пропаганда“.

„За време на истрагата, врз мене беше вршен ужасен притисок. Претрпев физички и психички мачења. Можам само да му заблагодарам на Бога што сето тоа го издржав“.

Enver Hoxha

Комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа

Луѓето кои го мачеле никогаш не се осудени

На јавноста во Албанија се‘ уште и‘ се непознати безбројни злосторства на диктаторскиот режим, зашто и натаму се скриени во документациите на тајните служби. Во Албанија се‘ уште не донесен закон за лустрација каков што имаат речиси сите други посткомунистички држави. Тој закон, меѓу другото, овозможува и пристап до документите на тајните служби. Така може да се докаже дали и на кој начин актуелен функционер учествувал во злоделата.

Првиот претседател на државата во падот на комунизмот во Албанија, Сали Бериша, своевремено дури изјави дека нема да дозволи отворање на досијеата:

„За диктатурата не е виновен диктаторот. Постојат илјадници семејства во кои жените ги шпионирале своите мажи или синовите своите татковци. Треба ли сега да ги уништиме сите тие семејства?“, запраша Бериша во едно интервју.

За Ана Камински, експерт за Албанија во германската Сојузна фондација за преработка на диктатурата на поранешната Единствена социјалистичка партија на ГДР, оваа аргументација е целосно погрешна.

„Токму жртвите имаат право да знаат кој и од кои причини им направил нешто. Друга работа е што по 20 години не постои голема можност за правна активност“.

Има обиди, но залудни

Но, иако денес е речиси неможно изведување пред суд на некогашните сторители, минатото мора да биде расветлено.

„Општеството има право да знае кој го застапува на јавните функции“.

Во Албанија имаше повеќе обиди за законско овозможување за отворање на досиејата на Сигурими - последниот пат пред две години. Но, Уставниот суд не даде дозвола. Судиите аргументираа дека соодветен закон би можел да доведе до политички мотивиран лов на вештерки. Меѓутоа, изгледа дека до тоа дојде токму поради неотворањето на досијеата: на политичката сцена во Албанија се води вистинска војна на биографии. Водечките политичари ги обвинуваат своите противници или нивните семејства за учество во комунистичките злосторства. Никој не може да се брани, зашто досиејата не се отворени. Но, и донесување закон не е доволно, смета албанскиот историчар Артан Путо. Проблемот имено, е во основните дефицити во владеењето на правото во земјата.

Studienreise Bundesstiftung Aufarbeitung Kommunismus Albanien

Ана Камински од германската Сојузна фондација за преработка на диктатурата на поранешната Единствена социјалистичка партија на ГДР

„За да функционира ваков закон мора да постои јасна одделеност на владата од судството. Во спротивно, на овој процес му се заканува опасност да заврши во политички игри“.

Германија како пример

За Гезим Пешкепиа и останатите жртви на диктатурата законот за лустрација е одамна неопходно потребен. Поранешниот политички затвореник во меѓувреме е ангажиран во неодамна основаниот Институт за преработка на последиците на комунизмот.

„Ваков закон е нужен во Албанија за да може општеството да се ослободи од кошмарите, како во управата, така и во парламентот“, вели Пешкепиа, наведувајќи пример: Германија. Со Службата за Штази-актите беше најден вистинскиот пат за преработка на тоталитарното минато во Германија.