1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Жребот беше наклонет кон Германија

Синоќа во Лајпциг беше извршено жребувањето за натпреварите на Светското фудбалско превенство во 2006 година.

Михаел Балак на извлекувањето на групите

Михаел Балак на извлекувањето на групите

Германија е во групата со Коста Рика,Полска и Еквадор.

Германската репрезентација на 9 јуни 2006 година ќе го има првиот натпревар со Коста Рика во Минхен.

„ Сите противници се тешки,не сакаме никого да потценуваме,но жребот ни даде мала помош,изјави сојузниот тренер Јирген Клинсман.

За збор се јави и германскиот канцелар Ангела Меркел ,која изјави:Сигурно решлива задача за нашата акипа,но сега не постојат повеќе слаби противници.

Франц Бекенбауер,претседател на организациониот комитет на Светското фудбалско првенство изјави дека сите групи се вооедначени.

Во најтешката група Ц покрај Брегот на слоновата коска се најдоа и фаворитите Србија и Црна Гора и Аргентина и Холандија.

Многу нуди и груапата Е,каде се натпреваруваат Италија,Чешка,Гана и САД.

Телевизискиот пренос на свеченото извлекување на групите преку екраните го следеа повеќе од 300 милиони гледачи низ цел свет.