1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жителите на Сирте бегаат од градот

Илјадници луѓе го напуштаат Сирте, последното упориште на лојалистите на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Црвениот крст обвинува за напади врз цивилни објекти

default

Илјадници жители на Сирте денеска ја искористија паузата во борбите за да избегаат од градот. Според телевизијата Ал Арабија, трупите на либиските бунтовници подготвуваат нов голем напад врз градот, во кој се‘ уште се забарикадирани борци верни на поранешниот властодржец Моамер ел- Гадафи.

Еден од луѓето што бегаат за телевизијата изјави дека „кусиот прекин на огнот се користи за бегство“, поради тоа што хуманитарната состојба во градот се влошува. Луѓето го напуштаат Сирте со автомобилски конвои. Според проценки на Црвениот крст, градот досега го напуштиле околу 10.000 луѓе. Вчера, Црвениот крст соопшти дека ситуацијата во опколениот Сирте е ужасна. Во родниот град на поранешниот либиски властодржец Моамер ел-Гадафи умираат голем број луѓе поради немање лекови, соопшти портпарол на Црвениот крст. Освен тоа, нема ниту гориво за генераторите за итни случаи. Црвениот крст наведе дека се бомбардирани и болници.

Сирте е еден од либиските градови кој е се‘ уште во рацете на борците на Гадафи. Тој е постојано напаѓан од трупите на бунтовниците и е бомбардиран од НАТО.

Автор: ЕМФ/ БГ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска