1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Живот со радиоактивноста- Фукушима една година по катастрофата

Десетици илјади Јапонци една година по тројната катастрофа од 11-ти март 2011-та година што погоди делови од земјата и натаму живеат со радиоактивната опасност.

На 11-ти март 2011-та година земјотрес со интензитет од 9 степени ја погоди Јапонија. Потоа следуваше катастрофално цунами со бранови високи и до 40 метри. Една последица од тоа беше и најголемата нуклеарна катастрофа по Чернобил што се случи во атомската централа Фукушима 1. Особено тешко таа ги погоди префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима

Повеќе од 20 илјади луѓе ги загубија животите или се’ уште се водат како исчезнати Половина милион луѓе останаа без покрив над главата. Радиоактивноста и натаму е секојдневие на голем број луѓе.

Сопствени правила против радиоактивноста

Japan Erdbeben und Tsunami Fukushima Stadt Kesennuma Verwüstung

Пустошот по земјотресот и цунамито беше огромен

Јапонската државна телевизија НХК и натаму секој ден го јавува нивото на радиоактивност за регионот Канто, па дури и ако вредностите се во границите на нормалата. Една година по катастрофата Јапонците се’ уште мислат на радиоактивната опасност.

„Избегнувам пред се’ зеленчук од регионот на Фукушима. Истотака свесно користам хомеопатски средства или сушени производи како алги, кои помагаат штетните материи да не се таложат во организмот“.

Оваа мајка на две деца од претпазливост си наметнала сопствени правила. Слично како неа и другите потрошувачи се се’ попретпазливи кога станува збор за купувањето месо или ориз, иако во последните месеци не е забележан ниту еден случај на радиоактивно месо. Јапонските власти дури и ги проширија мерењата, а големите супермаркети ги контролираат производите, вели Атико Јошида од невладината организација „Пријатели на земјата“.

„Некои супермаркети ги објавија резултатите од мерењата. Тоа е многу важно. така луѓето можат сами да изберат“.

Децата треба да се држат подалеку од погодените области

Bildergalerie 1 Jahr nach Fukushima

Јапонците живеат со радиоактивната опасност

Во Фукушима но и во Токио има и специјални продавници во кои луѓето можат да донесат храна или зеленчук кои сами ги произведуваат или одгледуваат и таму да ги тестираат за радиоактивност. Граничните вредности од крајот на минатата година станаа уште построги и се под вредностите во ЕУ. Но затоа остана истата гранична вредност за евакуација од 20 милисиверти годишно. Затоа еколошките здруженија во Јапонија бараат барем привремена евакуација на децата како на пример од некои делови на градот Фукушима каде и натаму се регистрира висок степен на радиоактивност.

Други луѓе пак се доселуваат во Фукушима бидејќи морале да ги напуштат родните места поради високото зрачење. Хироми Сато го напуштил градот Литате:

„Ние евакуираните но и жителите на Фукушима, купуваме производи од регионот. Во продавниците делумно има податоци за радиоактивноста на производите. Ние се информираме и опуштено ја прифаќаме ситуацијата“.

Подалеку од ливадите и шумите

Bildergalerie 1 Jahr nach Fukushima

Гајгеровиот бројач и натаму покажува огромни вредности во забранетата зона

Во Литате деконтаминацијата се’ уште не е започната, но таа е во тек во градовите Каваучи и Минами- Сома на периферијата на забранетата зона. Мерките можат значително да ја намалат радиоактивноста, но за процедурата е потребно време.

Сепак градоначалникот на Каваучи веќе апелираше до сограѓаните да се вратат во градот:

„Ја давам оваа изјава за да ги охрабрам жителите да се вратат во родното место. 2012-та е прва година на нашата обнова“.

Семејствата со деца тешко дека ќе го послушаат овој повик. Но постарите лица веќе се вратија во Каваучи. За нив меѓутоа и натаму важи препораката да не одат во околните шуми и ливади.

Автор: Петер Кујат/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска