1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Живот по принцип на надеж

Грузиските сили пред една година го нападнаа главниот град на Јужна Осетија, Чинвали. Потоа, според меѓународното право, во грузиската територија, влегоа руски трупи. Како изгледа Јужна Осетија една година по војната?

default

Во Чинвали се‘ потсетува на војната

Луѓето во Чинвали живеат по принципот на надеж. Надеж дека некогаш ќе биде добро. Нормално секојдневие, една година по војната со Грузија нема ни оддалеку. Урнатини, воен отпад на улиците, дупки од куршуми на ѕидовите од куќите - минувачите низ градот постојано се потсетувани на крвавиот судир со Грузија.

Обновата, финансирана главно од страна на Русија, се

Georgien Russland Panzer auf dem Weg nach Südossetien

Руски сили ја набљудуваат границата кон Грузија

одвива бавно, дури и покрај тоа што претставниците на владата, како што е амбасадорот на Јужна Осетија во Русија, Дмитри Медојев се обидуваат да шират оптимизам: „Во моментов се работи интензивно на изградба на куќите. Тежиштето е ставено на повторна изградба на приватните куќи. Уништен е голем дел, така што овој процес ќе трае уште најмалку една година.“

Сами, но како?

Многу жители на Јужна Осетија мораа скапо да платат за меѓународно непризнатата независност на нивната земја.

Georgien Südossetien Wohnungsbau in Tschinwali

Прво треба да се обноват куќите

Трите големи воени конфликти со Грузија по распадот на Советскиот сојуз однесоа многу жртви на двете страни. Луѓето го загубија она што го поседуваа, а десетици илјади станаа бегалци. Враќање кон Грузија за Јужноосетијците е незамисливо. Во таков случај, велат, подобро е приклучување кон руската република, Северна Осетија. Амбасадорот Медојев брза да објасни: „Немаме намера да ја менуваме нашата независност за нешто друго. За слободата плативме висока цена. Јужна Осетија и натаму ќе гради своја држава.“

Но, на сите им е јасно дека таа не може да преживее без руска помош. Се плаќа со руски рубљи, државниот буџет се полни во голем дел со руски пари, а руската армија е стационирана во отцепениот регион и ја набљудува меѓународно непризнатата граница кон Грузија.

Автор: Кристина Нагел / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска