1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Живот по монструм-кризата

Градот Питсбург во американската држава Пенсилванија денеска (24.09.2009) и утре е домаќин на третиот Светски финансиски самит на Г20. Главната цел е да се донесат мерки за отпорност на финансискиот систем на кризи.

default

Средбата на лидерите на Г20 минатиот ноември во Вашинтгон имаше, пред се`, една цел - да спречи избивање паника на светските финансиски пазари. Тогаш беше скроен план од преку четириесет мерки, за да може да се заузда монструм-кризата. Пет месеци подоцна, на почетокот на април 2009 година, во Лондон тие уште еднаш се состанаа. Рецесијата тогаш веќе татнеше ширум светот. Како реакција, земјите од Г20 мобилизираа незамислива сума од 1100 милијарди долари, за да им помогнат на најсиромашните земјите во кризата и да ја придвижат светската трговија. Повод кој заслужи и големи зборови:

„Ова е ден на кој светот се здружи за да и` го возврати ударот на глобалната рецесија - не со зборови, туку со план за опоравување на светско ниво, за реформи и возен ред за нивно спроведување“, истакна Гордон Браун, британски премиер и домаќин на самитот во Лондон.

Лудилото со премиите мора да престане

Finanzmarkt Börse Brasilien Sao Paulo Ein Händler auf dem Parkett schreit, steigende Kurse

Банкарите треба да сфатат дека живееме во 2009 година

Сепак, се покажа дека е тешко спроведувањето на планот. Банките спасени со државни пари повторно заработуваат милијарди и повторно им исплаќаат високи премии на менаџерите. А сите се согласни дека една од главните причини за кризата е токму исплатувањето екстремно високи премии, врз основа на привидни, краткорочни успеси. Андерс Борг, шведски министер за финансии, вели:

„Мораме да го запреме лудилото со премиите. Банкарите прават забави и живеат како да сме во 1999 година, но сега е 2009. Мора да и’ се стави крај на практиката со премиите, најдоцна на самитот во Питсбург.“

Европејците се сложија околу ова и во Питсбург ќе зборуваат во еден глас:

„Овие скандалозни исплати на премии, ова неодговорно однесување не смее повторно да почне од почеток, не смее повторно да процути“, рече францускиот претседател Никола Саркози минатата недела по вонредниот самит на ЕУ.

Меѓутоа, останува да се види дали во Питсбург навистина ќе и` се стави крај на исплатата на премии. Американскиот претседател Барак Обама се соочува со силен отпор од Вол Стрит, каде се` повеќе расте незадоволството од преголемото мешање на државата. Но, според Обама:

„Без реформи, банките повторно ќе постапуваат според нивните стари мостри. Можеби ќе биде уште полошо, бидејќи ќе сметаат на тоа дека владата и онака ќе ги спаси, па можат да влегуваат во уште поголеми ризици.“

Владите бараат излез

Ein Sack voll Geld von der Deutschen Bundesbank

Владите размислуваат како да го заврзат ќесето

Ниеден финансиски производ и ниту еден финансиски пазар во иднина не смее да биде без регулација и контрола на државата - така беше објавено од Г20 во Лондон. Тие заклучоците сега во Питсбург треба да добијат и формален обврзувачки карактер. Дури тогаш ќе можат да бидат спроведени од владите на секоја земја поединечно. Германската канцеларка Ангела Меркел бара нови правила за долгорочно стопанисување:

„Какви правила треба да донесеме, за еден ден да не бидеме повторно изненадени од некоја банка која ќе каже: или државата ќе ни помогне во наредните дванаесет часа, или ќе го урнеме целиот финансиски систем? За ова мора да се постигне меѓународна согласност, бидејќи една земја сама не може да направи ништо во случај кога ќе пропадне некоја банка, како Лимен Брадрс.“

Конечно, во Питсбург ќе се расправа за таканареченета егзит, односно излезна стратегија: кога е најдобро да се почне со контролирано укинување на државната помошта за стопанството и намалување на гигантската планина од долгови - без притоа да му се наштети на веќе започнатото економско опоравување? Во Питсбург се закануваат спорови и тоа не само по ова прашање. Затоа многу набљудувачи сметаат дека самитот на Г20 нема да заврши со конкретни резултати.

Автор: Хенрик Беме / Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска