1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Живот меѓу фронтови

Во Палестина претежно живеат муслимани, но постои и христијанска заедница. Таа не е многубројна, но е силно ангажирана во јавниот живот. Палестинските христијани живеат меѓу две култури.

default

Палестинците-христијани водат многу хуманитарни проекти

Христијаните и муслиманите немаат големи проблеми меѓу себе. Спротивно на тврдењето, во моментов не доживуваме судир на културите и религиите. Нашите проблеми овде се или во врска со посебната ситуација на Западниот брег или ја одразуваат актуелната ситуација во Европа. Христијаните и муслиманите во Палестина многу долго живеат заедно, а тоа ќе го прават и натаму.

Рифад ал Квасис, портпарол на христијанско палестинската заедница, ја потенцира врската на христијаните и муслиманите во Палестина.

„Поврзани сме со остатокот од арапскиот свет, ние сме дел од исламската култура, дел од светот, претендираме на нашето присуство овде, за нашите браќа и сестри на Запад да не мислат дека за нашата егзистенција треба ним да им бидеме благодарни. Христијанството доаѓа од Ориентот, поточно од Палестина, за нашиот идентитет и‘ благодариме на оваа земја. Ние сме производ на Блискиот исток.“

Силен социјален ангажман

Палестинските христијани во голема мера се дефинираат преку својот социјален ангажман. Во тешката ситуација во

Palästinensische Schulklasse im nördlichen Gazastreifen

Дел од ангажманот -бројни училишта

регионот тие не се повлекуваат во својата спиритуалност, туку се обидуваат да влијаат врз околината и да ги подобрат условите. Бројно, христијаните се мала група, токму затоа е поголема вредноста на придонесот кој го даваат за развојот на Палестина.

„На Западниот брег, во Газа и источен Ерусалим живеат околу 50 илјади христијани. Но, околу 45 проценти од работата која ја извршуваат разните невладини организации во Палестина, отпаѓа на христијанските цркви и организации. Се работи за многу флексибилна и динамична заедница. Водиме околу 80 училишта во кои се вработени 2400 луѓе, со вкупно околу 300 илјади ученици. Се ангажираме и во здравството и социјалата“, објаснува Рифад ал Квасис.

Мора да постои визија

Во вака немирен регион како Блискиот исток не е доволно ограничување само на спиритуалните прашања, туку политиката и религијата се цврсто поврзани и за христијаните. Неодамна, христијаните во Палестина усвоија заеднички, т.н. Каиро документ, кој треба да претставува охрабрување да не се напушта надежта за мирен соживот во регионот.

„Нам, на Палестинците, ни‘ недостасува визија. Токму затоа нашата работа ја подразбираме како прилог кон добросостојбата на нашиот народ. За жал, во моментов е присутна само визијата за војна. Овдешните услови не се погодно место каде би сакал да ги израснам своите деца. Мораме да им посредуваме надеж дека нашата земја едне ден ќе биде сосем нормална. Сакаме нашите деца да можат да доживеат исто толку среќни моменти како и нивните врсници во светот.“

Автор: Керстин Книп / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска