1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Животот низ очите на протагонистите на фестивалот goEast

Во Висбаден се одржа филмскиот фестивал goEast. Според организаторите, годинава се забележа поместување на содржинското тежиште на филмовите снимени во средна и источна Европа: од општественото кон индивидуалното.

Плакат од фестивалот goEast

Плакат од фестивалот goEast

Порано на Берлиналето, најголемиот германски филмски фестивал, можеа да се видат десетици дела од средна и источна Европа како и од Русија. Меѓутоа тие времиња се минато. Ваквиот развој е поврзан со крајот на Студената војна, со политичкиот и општествен пресврт по падот на Берлинскиот ѕид, но и со глобализацијата и новите акценти кои ги поставуваат одговорните за фестивалот. Шансата во Берлин да погледнете нови филмови од Тајланд или Јужна Кореја е далеку поголема, од можноста да се налета на дела од Бугарија или Романија. Во

07.04.2011 kino go east festival

земјите на поранешниот источен блок меѓутоа и натаму вредно се продуцира. Оттука трите германски филмски фестивали, кои ги презентираат филомовите од источна Европа, во Котбус, Зелб и Висбаден, во меѓувреме добија важна функција. Речиси само таму може да се види што се снима во средна и источна Европа и во Русија.

Во Висбаден по единаесети пат се оддржа фестивалот goEast. Меланхолија на минатото, поглед длабоко во историјата на Источна Европа, претставени преку бугарскиот филм „Траги во песокта“, беше повеќе исклучок на годинешниот фестивал. Соочувањето со источноервопското минато, со сите негови политички и општествени промени и аномалии секако не е пасе тема во киното, меѓутоа: Филмаџиите од многу земји на средна и источна Европа погледот го вртат кон сегашноста. „Забележавме дека тематски, филмовите повеќе навлегуваат во секојдневието, се раскажуваат повеќе приватни приказни. Пред неколку години беше поинаку, тогаш во преден план повеќе беа општествените процеси на трансформација,“ вели раководителката на фестивалот Габи Бабиќ.

Фотографија од филмот „Мајка на асфалтот“ на Далибор Матаниќ (Хрватска)

Фотографија од филмот „Мајка на асфалтот“ на Далибор Матаниќ (Хрватска)

Актуелен феномен е мотивот на масовни убиства во општеството. Овој мотив е познат во западното кино, а сега по него посегаат редица филмаџии од источна Европа. „Масовните убиства во општеството социологијата децидно ги опишува како западен, пред се’ американски феномен. За мене е интересно што фигурата на тие личности кои вршат масакр се појавува со источноевропското кино. Секогаш станува збор за мажи, татковци со семејство, и се тематизира нивниот приватен живот. Овие фигури најчесто претставуваат пропаднати личности. Притоа станува збор за одредени улоги, за улогите меѓу половите.“

Киното од средно - источните европски држави, може накратко да се резимира прераснува во светско кино. Темите не се разликуваат во сржта, изборот на сижеата е сличен како на западот така и на истокот. „Мислам дека тоа е проблем и феномен на цивилизацијата или на степен на развој на цивилизацијата, за кој сме убедени дека сме го достигнале, дека постојат одредени конфликти, кои се општествено-политички мотивирани и во одредни моменти избувнуваат во насилни конфликти и кои очигледно неможе да бидат регулирани поинаку. Киното се разбира го рефлектира тоа.“

„Утро“ / романско - француско- унгарска копродукција во режија на Маријан Кришан

„Утро“ / романско - француско- унгарска копродукција во режија на Маријан Кришан

Втора голема тема која секогаш одново се појавува во филмовите е бегалските бранови, бегалската тематика, прашањата за азил, обидот да се избега од наследената проблематична социјална околина. Третманот на оваа тема меѓутоа се разликува од оној кој го негуваат западните филмаџии. „Важно ни беше на оваа тема да собереме многу различни филмови и да ги прикажеме. Важно беше да се искористи ’овластувањето’ од мигрантите. Нивните животни светови самите ги отсликуваат во филмовите. Филмовите се раскажуваат од перспектива на луѓе кои го имале тоа искуство или кои во моментот го живеат. Ги гледаме нивните слики и приказни. Значи не се зборува само за мигрантите и проблемот на интеграцијата“, подвлекува Бабиќ.

Годинешниот фестивал goEast во Висбаден покажа мал дел од филмовите продуцирани минатата година во средба и источна Европа. Прикажа елегични и мелодраматични панорами на приказните, но пред се’ фрли беспоштеден поглед врз социјалната и општествена реалност во земјите.

Автор: Јохен Киртен/ Александра Трајковскa

Редактор: Симе Недевски