1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Животот не се повторува и треба да се живее достоинствено

Божјото слово во животот и посланието на црквата и католичкото семејство во дијаспората - беа основните теми на традиционалната есенска седница на Меѓународната бискупска конференција, што се одржа во Охрид.

default

Првата пленарна седница на Меѓународната бискупска конфереција Свети Кирил и Методиј, почна со Вечерна молитва и повикот на Светиот Дух. „Гледано историски, зборот божји е говорот на бога, затоа што бог прв му проговорил на човекот и прв воспоставил контакт со него. Божјиот збор подоцна се пренесол во телото на Исус Христос во една многу конкретна форма. Речта сега живее во црковните храмови, таа не е некаде во воздухот. Преку црквата, зборот божји се шири и патува низ вековите и времето“, вели монсињор Зеф Гаши, надбискуп барски. Гаши, во октомври годинава, третпат беше дел од 12 Бискупски синод во Ватикан. Тој укажува:

„Зборот божји до верниците стигнува и преку Светото писмо. Иако сме веќе во 21 -от век, тоа сеуште не допрело до сите, бидејќи Светото писмо не е преведено насекаде. На некои јазици е преведено само делумно. На пример, Стариот завет не, а Новиот завет да. Поради технички неможности, до неодамна зборот божји не беше допрел до сите луѓе. Сега, во овој век на технологијата и масмедиумите, тој, верувам ќе допре и во сите најзафрлени краеви на светот. Ова беше констаирано овде во Охрид и претходно во Ватикан.“

Papst Benedikt XVI in Frankreich September 2008

Учесниците на конференцијата во Охрид упатија и телеграма до папата Бенедикт 16-ти

Со тоа, според Гаши, се очекува полесно и побрзо ширење на божјиот збор. Тој нагласува дека „без егоизмот и со почитувањето на бога, луѓето би се промениле и би имало помалку војни, а би имало повеќе благосостојба и разбирање. Така, сите луѓе би биле позадоволни и среќни.“

Бискупите во Охрид разговараа и за семејството

Некои девијации во општеството и аномалии, како што се разводот на брачните другари, економската криза, која влијае врз животот во заедница меѓу мажот и жената или меѓу нив и децата, за католичката црква се од посебно значење, вели Гаши: „Црквата сака и бара од луѓето да се однесуваат сериозно. Животот се живее еднаш и не се повторува. Затоа треба да се живее чесно и достоинствено. Црквата е насочена кон тоа луѓето да се упатат кон што поубави патеки во животот.“

Македонскиот министер за надворшни работи, Антонио Милошоски во Охрид приреди прием за учесниците на конференцијата. На средбата се разговарало за односите меѓу владата и Светата столица, а неодминливо се разговарало и за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската унија. Милошоски побара разбирање и поддршка од Ватикан, изјави за Дојче Веле, бискупот скопски, доктор Кирил Стојанов.

Од Охрид, кој уште се нарекува и „словенскиот Ерусалим“, во знак на поврзаност и верност, учесниците на конференцијата до папата Бенедикт 16 -ти испратија телеграма, молејќи за архиерејски благослов.

Поврзана содржина