1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Животот на село повторно „во тренд“

Се’ повеќе луѓе живеат во град отколку на село. Иста е ситуацијата и во Германија, па локалните власти со помош на ЕУ - фондовите се обидуваат да го сопрат овој тренд. Фондот за помош на европското село се вика Лидер.

Свен Лахман нема фиксно работно време, и вели дека се чувствува како трговски патник. Тоа што го продава не се правосмукалки или други куќни помагала, туку селото- како имиџ. Одејќи од врата до врата, дознава што ги мачи жителите во селските области, и понекогаш одржува предавања низ локалните заедници и училишта.

Во германскиот модерен професионален речник, Лахман е регионален менаџер, кој се грижи за решавање на проблемите кои ги мачат селаните во покраината Рајнланд- Фалц.

Селата стареат

Во селата постојат многу проблеми, секојдневно се затвораат продавниците и другите локали. „Жители на селата се најчесто старците, бидејќи младите се селат во градовите. Демографскиот процес не запира, така што селата стареат“,

Berufsbild Regionalmanager

Свен Лахман

вели Лахман. Од друга страна, одржувањето на животот на старците кои остануваат во селата станува предизвик. Не станува збор само за практичноста и економичноста туку и за грижата на жителите со посебни потреби. Лахман тврди дека за неколку децении оваа изградба без препреки ќе се исплати, но и денес е потребна свест за такво размислување.

Истовремено во селата проблем е недостатокот на пари, притоа многу тешко се привлекуваат инвеститори. Резултат на тоа е ниската цена на земјиштето, бидејќи општините се натпреваруваат во тоа чии услови ќе бидат поповолни. „Во време на економска рецесија, тоа е многу ризична тактика“, објаснува Лахман. Тој потсетува дека голем број од индустриските делови во руралните области на Германија, по банкротот на компаниите, останале напуштени.

Животот на село е повторно „ин“

Последица на сето ова е запуштеноста на селските области. За да ги избегнат негативните последици од економското планирање во зоните, општините на помош го викаат регионалниот менаџер Лахман. Во 2004 во Вестервалд започнала иницијативата „Животот на село- живот во центарот на случувањата“, која понатаму се проширила и низ целата држава. Иницирани се и кампањи за подобрување на животот на село и тоа не само за да се задржат жителите, туку и за да се привлечат оние од градовите каде станбениот простор е се поскап.

На оние кои ќе се одлучат да купат објекти на село им се дава финансиска помош. Со ваква политика Валмерод има привлечено многу млади семејства. Градоначалникот вели дека станува тренд да се живее во реновирана куќа во центарот на селото. „На луѓето им е важно во близина да имаат се' што им е потребно за нормален живот. Покрај тоа селото е помирно и со тоа привлечно

Blick von der Spitzhaustreppe Radebeul

за растење на деца“, говори гордиот градоначалник. Во меѓувреме се реновирани околу 125 куќи, а во нивната реконструкција се вложени 20 милиони евра од приватни фондови.

„Лидер“ на дело

Валмерод доби и своја интернет страна. На официјалниот интернет портал можат да се пронајдат сите важни информации: од понуди од локалните пекари до програми на клубовите за млади. Сето тоа е прилично скапо и не би било возможно без фондовите на ЕУ. На европските села во пресрет им излегува Фондот „Лидер“ (Liaison entre actions de developpement de l’economie rurale).

Во меѓувреме низ ЕУ постојат 2000 „Лидер“ региони, кои профитираат од оваа програма. Свен Лахман како регионален менаџер на Вестерфален добива средства од буџетот на унијата со една цел- да се спречи изумирањето на европските села.