1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Живи по седумнаесет дена под земја

Сите 33 рудари кои веќе 17 денови се наоѓаат заглавени во рудник во Чиле, се живи и здрави, потврди чилеанскиот претседател Себастијан Пињера. „Тука сме 33-ца. Сите сме живи“, гласеше пораката од рударите.

default

Чилеански рудар

Несреќата во рудникот Сан Хосе во пустината Атакама, 830 километри северно од главниот град Сантијаго, се случи на 5 август годинава. Спасувачките екипи спуштија сонда на длабочина од 688 метри и добија потврден одговор од рударите дека се живи.

Семејствата на рударите и спасувачите се надеваа дека рударите можеле да стигнат до засолништето кога се урнал еден ходник.

За да се допре до затрупаните рудари со копање, би биле потребни четири месеци, но со опремата која стигна денеска од странство, ќе биде ископан тунел широк 68 сантиметри низ кој ќе биде направен обид да бидат извлечени луѓето на површина или барем да им се достави вода, храна и воздух.

Автор: ЖА/ АТ/ дпа/ бета

Редактор: Александра Трајковска