1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Живееме во ист град, делиме исти грижи...

Во гимназијата „Ибрахим Темо“од Струга, ОБСЕ, стручниот тим од училиштето и локалната полиција го реалзираат деветтмесечниот проект за превенцијата на конфликтите меѓу младите и намалување на малолетничката деликвенција.

default

Струга

Вкупно 300 ученици во 11 групи: Македонци, Албанци, Турци и други во три фази ќе се обидат да го подобрат квалитетот на соживотот во Струга. Последниве години овој град е актуелен по честите инциденти меѓу учениците во двата средношколски центри.

Во Струга треба да се другарува

Причините за конфликтите се лоцирани, сега се работи полека да се надминат, вели Муса Мусаи, директорот на училиштето „Ибрахим Темо“: „Обично проблематични деца се тие кои доаѓаат од различни места во нашата општина, па и други градови. Така тие деца мора да знаат дека во Струга треба да се другарува, да се сакаат и почитуваат и ред други работи.“

Најголемиот товар во спроведувањето на проектот е врз психолошко-педагошката служба во средношколскиот центар. Таму наидовме на креативен амбиент. Светлана и Арта делат една канцеларија и „кројат“ планови како да им влеат на децата самодоверба и тие да ги почитуваат другите. Првите заеднички средби средношколците и стручните лица ги имаа со полицијата. Стана збор за малолетничката деликвенција ни рече Светлана Симакоска: „Слушаа вистински приказни кои ги прераскажуваа инспекторите во врска со ризиците со трговија со луѓе. Тие на ученците им доловуваа вистински ситуации од нивната секојдневна работа.“

„Ќе продолжиме со модул два. Планирани се работилници од наша страна наменети за учениците. Ќе се опфатат различни теми од секојдневието меѓу кои за културните различности, меѓуетничката толеранција, превенција и решавање на конфликти и контрола на агресивноста, “ додава Арта Пошка Ќоку. Светлана се надворзува: „Во иста училница, сите ученци одлично ги изведуваат задачите кои им ги даваме. Тоа најчесто ќе бидат практични вежби. Така нема да ги малтретираме и оптоваруваме со теорија. Практично ќе треба сами да дојдеме до некои заклучоци, заедно со учениците.“

Треба да се вклучат и професорите и родителите

Schule Niko Nestor

Училиштето „Нико Нестор“ во Струга

Не смее да се запостават ниту професорите и посебно родителите, се сложува Арта: „Мислам дека треба да се работи и на овој аспект. Сметам дека дел од проблемите кај учениците некогаш доаѓаат од дома. Не секогаш, но ги има, што значи дека треба да се работи и со родителите и со наставниците.“

Средношколката Јета е радосна што е дел од проектот. За дружењето вели: „Оваа учебна година нема проблеми. Добро е како што почнавме. Мислам дека изнајдовме едно решение. Нормално се дружиме. Живееме во еден град. Секаде сме заедно, особено во кафетериите без разлика дали сме Албанци, Македонци или Турци.“

Во проектот се вложуваат големи надежи. Не е прв, но навлегува во суштината на проблемите. Директорот Мусаи е оптимист: „Преку моментите на дружба. Мислам дека ќе се смени и ликот на нашиот соживот.“

Мусаи им забележува на медиумите дека сега кога е се’ во ред ги нема никаде да ги забележат нивните активности. Со Дојче веле примерот е позитивен, вели тој: „Дојче веле е позитивен пример. Затоа што е глас од Европа. Европа не’ сака да сме зближени. Сакани, почитувани да имаме блискост меѓу себе и толеранција и мир. Сакам примерот на Дојче веле да го следат и другите медиуми.“

Истиот овој проект за недела две ќе отпочне и во соседното училиште „Нико Нестор“ во кое ученците се од мешан етнички состав.

Автор: Милчо Јовановски

Редактор: Александра Трајковска